Бачило

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бачило на Караџица

Бачило[1] или мандра[2] – една од основните градби во сточарска населба.[3] Старешината на бачилото се нарекува бач.[4]

Покрај бачилото основни градби во една сточарска населба се: колиба, трло, слон, појата, страга, поило, солило, говедарник и кочина. Бачилото и колибата се наменети за сточарите, а останатите објекти за ситниот и крупниот добиток. Бачилото е поделено на два дела: во првиот дел, каде се отвореното огниште со казанот, креветите и садовите за брашно и сол, престојуваат сточарите, а во вториот дел, каде се преработува млекото во млечни производи, се сместени качиња, бутини, ведра, чинии, котлиња и др.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Народни поговорки[уреди | уреди извор]

  • Бачило од кокошки не се прави.[5]
  • От такво бачило, таква мас.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „бачило“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „мандра“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,0 3,1 „Етнологија – Народно стопанство“. Музеј на Македонија. Посетено на 28 април 2021.
  4. „бач“Дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „Македонски пословици и поговорки“. Посетено на 28 април 2021.
  6. „Македонски народни пословици и поговорки“. Посетено на 28 април 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]