Прејди на содржината

Бутин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Млада жена бие путер
Жан-Франсоа Миле, 1848-1851 година
Музеј на ликовни уметности (Бостон)

Бутин[1][2]алатка која се користи за издвојување маст од млекото.

Модели бутини

[уреди | уреди извор]

Првите бутини биле направени од кожа или дрво, подоцна биле изработувани од керамика. Индустриските бутини се направени од метал.

Постојат различни модели на бутини. Во Македонија бил познат само еден вид на бутин, т.н. вертикален бутин.

Вертикалниот бутин е долгнавест стожест сад за правење на матеница и добивање на путер и млечна маст со помош на долго матало. Садот има капак со дупка низ која се движи маталото.

Вертикален бутин

[уреди | уреди извор]
Бутин во Музејот во Скопје

Вертикалниот бутин е висок малку стеснет сад кој се изработува од дрвени летвички наредени во круг и стегнати со метални обрачи. Бројот на обрачи зависи од висината и пречникот на бутинот. На горниот крај една летвичка е подолга, малку заоблена и служи како рачка. На горниот крај бутинот има капак со дупка во средината низ која минува маталото.

Маталото е составен дел на бутинот. Тоа е долг стап на чиј долен дел е вметната дрвена плочка на која има неколку дупки за да се мати подобро млекото. Со маталото се правеле вертикални движења и на тој начин се издвојувале масните состојки.[3]

Биењето се состои од механичко одвојување на честичките маснотии содржани во млекото (масни топчиња) од матеницата. Масните честички потоа се собираат заедно за да образуваат зрна путер. Тие се вадат од бутинот, се мијат и се замесуваат. Биењето може да трае од околу триесет минути до два часа.

Бутинот во обичаите

[уреди | уреди извор]

Бутинот бил симбол на овчарите. Се користел во обичаите за празникот Ѓурѓовден, со цел да се заштитат овците и млекото и да се обезбеди поголема плодност и млечност.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „бутин“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „бутин“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 1 2 „Бутин“. Музеј на македонската борба. Посетено на 12 март 2026.[мртва врска]

Поврзано

[уреди | уреди извор]