Прејди на содржината

Матеница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Матеница
Маштеница
Млеко (лево) споредено со матеница (десно). Матеницата е погуст и остава повидлива трага на чашата
Дел од оброкотпијалак
Температура на послужувањеладна
Главни состојкимлеко
40 (100 г) ккал
Матеница
Маштеница
Хранлива вредност на 100 г
Енергија169 kJ (40 kcal)
4,8 g
0,9 g
3,3 g
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.

Матеница[1][2], маштеница[3][4] или биеница[5][6] (дијалект) — превриен млечен пијалак. Традиционално, тоа е течноста што се остава по изматувањето на маста од полномасно млеко. Бидејќи најмодерниот путер во западните земји не се прави од култивирано млеко, туку со некултувирана слатка павлака, најмодерната матеница во западните земји се произведува посебно, во посебен процес. Вообичаена е во топли клими каде млекото (без фрижидер) брзо се скиселува.[7]

Матеницата може да се пие директно, а може да се користи и при готвење. При правењето содов леб, киселината во матеницата реагира со средството за подигање, натриум бикарбонат, за да произведе јаглерод диоксид кој делува како квасец. Матеницата се користи и за маринирање, особено за пилешко и свинско месо.

Традиционална матеница

[уреди | уреди извор]

Оригинално, матеница се однесувало на течноста што останувала од изматениот путер од култивирана или превриена (ферментирана) павлака. Традиционално, пред доаѓањето на хомогенизацијата, млекото се оставало да отстои одредено време за да се одвојат кремот и млекото. За тоа време, природните бактерии кои произведуваат млечна киселина во млекото го ферментирале. Ова го олеснува процесот на изматување на путерот, бидејќи маснотиите од кремот со пониска pH вредност се спојуваат полесно од свежиот крем. Киселата средина, исто така, помага да се спречи растот на потенцијално штетните микроорганизми, со што се зголемува рокот на траење.[8]

Традиционалната матеница сè уште е вообичаена во многу арапски, индиски, непалски, пакистански, фински, полски, холандски и германски домаќинства, но ретко се наоѓа во други западни земји. Тоа е вообичаен пијалак во многу индиски и непалски домови и често се служи со печена пченка.[9] Во арапскиот свет, матеницата е вообичаен пијалак што се продава на мраз ладен со други млечни производи. Популарен е за време на Рамазан, кога се консумира за време на ифтар и сухур.

Комерцијално произведеното матеница е споредлива со обичното млеко во однос на енергијата и мастите. Една чаша (237 mL) полномасно млеко содржи 157 килокалории (660 kJ) и 8,9 грама масти. Една чаша полномасна матеница содржи 152 килокалории (640 kJ) и 8,1 грама вкупни масти. Достапнa е и матеница со ниски маснотии. Матеницата содржи витамини, калиум, калциум и траги од фосфор.[10]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „матеница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „матеница“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „маштеница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „маштеница“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „биеница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „биеница“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. Muhlke, Christine (April 22, 2009). „Got Buttermilk?“. New York Times.
  8. Douma (Ed.), Michael (June 14, 2007). „Ripening to Ferment Milk Sugars to Lactic Acid“. Webexhibits. Посетено на 2008-12-31.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  9. Fankhause, David B. (June 14, 2007). „Making Buttermilk“. University of Cincinnati Clermont College. Архивирано од изворникот на August 28, 2007. Посетено на August 21, 2007.
  10. Aparna, Karthikeyan (May 13, 2012). „Buttermilk, the best bet“. The Hindu. Chennai, India. Посетено на October 13, 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]