Ракле
Ракле | |
![]() Поглед на селото Ракле | |
Координати 41°25′19″N 21°44′56″E / 41.42194° СГШ; 21.74889° ИГДКоординати: 41°25′19″N 21°44′56″E / 41.42194° СГШ; 21.74889° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Раец |
Население | 7[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7500 |
Повик. бр. | 048 |
Надм. вис. | 700 м |
![]() |
Ракле — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.
Содржина
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Ракле се наоѓа во источниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, на југоисточните падини на планината Бабуна. Селото е планинско и се простира на надморска височина од 700 м. Неговиот атар зафаќа површина од 13,7 км2.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. На 14 јули 1907 година. во близина на селото е водена познатата Битка на Ножот.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има мешовита земјоделска функција. Во селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 828 ха, на шуми отпаѓаат 407 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 317 ха.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Ракле живееле 580 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ракле имало 616 жители.[4]
Според последниот попис од 2002 година, селото има само 7 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 580 | 616 | 294 | 317 | 269 | 145 | 24 | 17 | 7 | 7 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови[уреди | уреди извор]
Ракле е македонско село.
Според истражувањата од 1920тите, Родови во селото се:
- Староседелци: Бојовци-Велковци (11 к.), Мангировци (5 к.), Пушевци (5 к.), Ржаровци (9 к.), Паровци (9 к.), Курпашовци (5 к.), Кишковци (4 к.), Богевци (1 к.), Царевичковци (2 к.) и Србовци (2 к.)
- Доселеници:
- Поповци (1 к.) доселени се од селото Никодин.
- Трипуновци (1 к.) доселени се од селото Попадија.
- Пемовци (1 к.) доселени се од селото Мрамор.
- Миновци-Карасановци (1 к.) доселени се од селото Никодин.
- Голевци (1 к.) доселени се од селото Попадија.
- Чеповци (1 к.) доселени се од селото Тројаци.
- Колевци (1 к.) доселени се од селото Топлица.[8]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Аништа — населба од римско време;
- Венци — населба од римско време;
- Грамаѓе — населба од римско време;
- Желкоец — осамени наоди од римско време;
- Кутлине — населба од неолитско и римско време;
- Маркови Круши — населба од римско време;
- Рамниште — населба од римско време;
- Ридот — неолитска населба;
- Старо Гумно — населба од неолитско и римско време;
- Улица — населба од римско време;
- Чаршија — старохристијанска баазилика; и
- Черењет — населба од римско време.
- Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква изградена во средината на XIX век.[10]
- Реки
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Во 1900 година околу 30 семејства се иселиле во Прилеп.[8]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 7 јуни 2019.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 252-253. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/1/1a/%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 244.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 8,0 8,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
- ↑ „Црква „Св. Георгиј“, село Тројаци“. OldPrilep. 4 јуни 2015.