Никодин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никодин
Панорама на Никодин.jpg

Поглед на селото Никодин

Никодин is located in Македонија
Никодин
Местоположба на Никодин во Македонија
Координати 41°26′36″N 21°43′47″E / 41.44333° СГШ; 21.72972° ИГД / 41.44333; 21.72972Координати: 41°26′36″N 21°43′47″E / 41.44333° СГШ; 21.72972° ИГД / 41.44333; 21.72972
Регион Coats of arms of None.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Област Раец
Население 7[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7500
Повик. бр. 048
Надм. вис. 600 м
Commons-logo.svg Никодин на Ризницата


Никодин — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Никодин се наоѓа во североисточниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, под североисточната падина на планината Бабуна. Селото се простира на надморска височина од 600 м. Од градот Прилеп е оддалечено 37 км. Неговиот атар зафаќа површина од 52,6 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото било дел од Велешката каза на Отоманското Царство.

На 4 април 1907 година, селото било нападнато од страна на српска чета и било заштитувано од селската полиција. Четите на ВМОРО предводени од Петар Ацев и Георги Попов пристигнале да им укажат помош на селаните, така што успеале да го одбранат селото, но војводата Георги Попов загинал во битката.[3]

Во Првата балканска војна, од селото имало двајца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамки на селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 2.528 ха, на пасишта отпаѓаат 1.512 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 1.029 ха.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Никодин е посочено како село со 80 домаќинства и 343 жители.[5]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Никодин имало 70 куќи.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 240 жители.[7]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 7 жители, од кои 6 Македонци и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население / 240 550 528 437 212 66 29 10 7
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа изборното место бр. 1429 кое е сместено во приватна куќа.[11]

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 5 гласачи.[12]

Културни знаменитости[уреди | уреди извор]

Старата манастирска црква „Св. Троица“
Црквата „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[13]
Манастири
Цркви


Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Никодин
Починати во Никодин

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 7 јуни 2019. 
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 208. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/1/1a/%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. 
  3. Биография на Георги Попов на сайта на ВМРО-БНД София
  4. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 866.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 182-183.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 158.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  11. „Изборна единица 4: Општина Прилеп“ (PDF). конс. 7 јуни 2019. 
  12. „Претседателски избори 2019 (Втор круг)“. конс. 7 јуни 2019. 
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  14. 14,0 14,1 Црква „Св. Атанасиј“, село Никодин“. OldPrilep. 10 декември 2011. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „oldprilep“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  15. Црква „Света Троица“, село Никодин“. OldPrilep. 17 април 2017.
  16. МАНД: Членови

Надворешни врски[уреди | уреди извор]