Пештерица (село)
Пештерица — историско село во јужниот дел на Македонија, на територијата на денешна Општина Прилеп. Се наоѓа на атарот на селото Ореовец.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото било сместено на Ореовска Река (Пештерица) на неколку километри североисточно од Прилеп, денес под водите на вештачкото Прилепско Езеро.
Историја[уреди | уреди извор]
Крај Пештерица е откриена ранонеолитска населба. На брегот на денешниот браната е откриена римска вила од III - IV век во која се пронајдени монети од Константин I Велики до Теодосиј I Велики.[2]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името П-ш-т-р-и-ч-а и имало 12 семејства, 1 неженет и 1 вдовица, сите христијани.[3]
Селото е споменато и во Трескавечкиот поменик од XVII - XVIII век. Според академик Иван Дуриданов етимологијата на името е дериват од пештерата, која е од праславјанското.[4]
Во XIX век Пештерица е мало македонско село во Прилепската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пештерица (Peschtéritza) било село со 18 домаќинства и 88 жители Македонци.[5]
Според статистиката на Васил Кънчов ("Македонија. Етнографија и статистика") од 1900 година Пештерица има 90 жители, сите Македонци христијани.[6]
Во почетокот на XX век населението на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев ("La Macédoine et sa Population Chrétienne") во 1905 година во Пещерица (Pechteritza) имало 80 Македонци.[7][8]
Селото е потопено во изградбата на Прилепското Езеро.
Личности[уреди | уреди извор]
- Коле Пештелевец — деец на Македонската револуционерна организација во Прилепско
- Најден Пештелевец — војвода на ВМОРО во Прилепско
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ www.kralemarko.org.mk
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.81
- ↑ Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. в: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 175.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 247.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 150-151.