Голем Радобил
Голем Радобил | |
![]() Поглед на селото Голем Радобил | |
Координати 41°22′45″N 21°48′26″E / 41.37917° СГШ; 21.80722° ИГДКоординати: 41°22′45″N 21°48′26″E / 41.37917° СГШ; 21.80722° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Раец |
Население | 107[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7500 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20023 |
Надм. вис. | 620 м |
![]() |
Голем Радобил или Големо Радобил[2] — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Голем Радобил се наоѓа во североисточниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, од десната страна на патот Прилеп-Кавадарци. Селото е ридско и се простира на надморска височина од 620 м. Од градот Прилеп е оддалечено 28 км, а од градот Скопје околу 98 км. Неговиот атар зафаќа површина од 25,1 км2.[3]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Во 1908 година, селото било опишано како слободно христијанско село со 120 куќи, а било споменато и како едно од најбогатите села во Тиквеш.[4]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има полјоделско-сточарска функција. Во рамки на селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 2.086,2 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 359,3 ха, а на шуми отпаѓаат 42,9 ха.[3]
Население[уреди | уреди извор]
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Големо Радобил било село во Прилепската каза со 64 домаќинства и 279 жители.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голем Радобил имало 700 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 720 жители.[6]
Селото броело 429 жители во 1961 година, додека во 1994 година во селото живееле 108 жители.
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 107 жители, сите Македонци.[1] Од нив 64 биле жани, а 43 жени.
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[7] | 1905[8] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 700 | 720 | 467 | 441 | 429 | 304 | 196 | 105 | 108 | 107 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1427 кое е сместено во соновното училиште.[10]
Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 93 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[12]
- Селска Црква — осамен наод од доцноантичко време; и
- Гробишта — осамени наоди од римско време.
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква изградена во 1870 година.[13]
- Реки
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Голем Радобил
- Трајко Бошкоски - Тарцан (1918–1943) — македонски партизан и борец на НОБ.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јуни 2019.
- ↑ 2,0 2,1 „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 80-81.
- ↑ 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 71.
- ↑ Материали за военно-географическия обзор на Македония, II Тиквешки район, Печатница „Военен журнал“, София, 1908, стр. 19.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 104-105.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Изборна единица 4: Општина Прилеп“ (PDF). Посетено на 7 јуни 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019 (Втор круг)“. Посетено на 7 јуни 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 20. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 59. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Голем Радобил на Ризницата ?