Големо Коњари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Големо Коњари
Големо Коњари is located in Македонија
Големо Коњари
Местоположба на Големо Коњари во Македонија
Координати 41°20′35″N 21°26′25″E / 41.34306° СГШ; 21.44028° ИГД / 41.34306; 21.44028Координати: 41°20′35″N 21°26′25″E / 41.34306° СГШ; 21.44028° ИГД / 41.34306; 21.44028
Регион Прилепско поле
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 699 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7509
Надм. вис. 607 м
Големо Коњари на општинската карта
Големо Коњари во Општина Прилеп.svg

Атарот на Големо Коњари во рамките на општината
Commons-logo.svg Големо Коњари на Ризницата


Големо Коњари е село во Општина Прилеп, во Прилепско Поле, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Големо Коњари се наоѓа во средишниот дел на Прилепското Поле во западниот дел на Општина Прилеп од десна страна на патот Прилеп - Кривогаштани - Крушево. Селото е рамничарско и лежи на 607 метри надморска височина. Од Прилеп е одалечено 9 км, а во неговата близина е блатото кое е собиралиште на многу видови птици. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Варош на исток, Мало Коњари на југ, Врбјани на запад и Славеј, Заполжани и Мажучиште на север. Покрај селото поминува регионалниот пат R516 Прилеп-Крушево-Сладуево.

Историja[уреди | уреди извор]

Големо Коњари има дадено многу борци за Македонија особено во Илинденско востание и Втора светска војна. Поради тоа што е во рамнината на Прилепското поле (на мета на турските власти од Прилеп) за време на Илинденското востание борците од ова село и околните села не биле организирани во посебна чета туку биле дел од многуте чети.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Големо Коњари живееле 590 жители, од кои 550 Македонци и 40 Турци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Големо Коњари имало 400 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Големо Коњари има 699 жители, сите Македонци.[3] Големо Коњари не го зафатило процесот на масовна миграција и бројот на жители не варирал во големи граници.

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 590[1] 400[2] 851 945 926 922 906 725 685 699

Родови[уреди | уреди извор]

Големо Коњари е чисто македонско православно село. Сите родови во селото се доселенички. Родовите се делат во три маала: Горно Маало, Долно Маало и Маало Албанија.[5]

  • Родови во Горно Маало се: Параловци (10 к.), најстар род во селото, се доселил нивниот предок Ристо на самиот почеток на XIX век од селото Паралово, Битолско, ја знаат следната генеологија Панто (70 год. во 1951 година) Никола-Коте-Ристо, кој се доселил; Бумбаровци (12 к.), доселени се од селото Света во близина на Демир Хисар, ја знаат следната генеологија Јосиф (80 год. во 1951 година) Ѓоре-Никола; Сваќаровци (4 к.) и Петревци (4 к.) доселени се од соседното село Мало Коњари и таму се доселени однекаде; Бунтевци (11 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај; Макаловци (10 к.), „скитале по селата“ во Големо Коњари се доселени од Мало Коњари; Мантаровци (5 к.) доселени се од селото Чепигово; Пацановци (2 к.), Северковци (2 к.), Царчевци (2 к.) и Дановци (4 к.), доселени родови од непозната старина.
  • Родови во Долно Маало се: Мијаковци (8 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај, тие се втор најстар род во селото после Параловци; Срќевци (7 к.) и Талимџиовци (9 к.) имаат исто место на потекло, а тоа е селото Вирово кај Демир Хисар; Недановци (1 к.), доселени се од селото Крушеани; Клаповци (6 к.) и Црневци (2 к.), доселени се од селото Бело Поле, каде имаат роднини, во Бело Поле се доселени од раселеното село Дабјани; Чапраговци (1 к.), доселени се од селото Кадино Село и таму се однекаде доселени; Седловци (3 к.) гранка се од родот Мантаровци, доселени од Чепигово, од овој род потекнува Гоце Седлоски; Иљомановци (5 к.) и Љумевци (2 к.), доселени се од Мало Коњари, и таму се однекаде доселени; Ќиртовци (1 к.), „скитале по селата како момци“, овде се доселени од селото Врбјани; Видановци (1 к.), порано живееле во селата Врбјани, Мало Коњари и други села и Бутраковци (2 к.) не знаат од каде се доселени.
  • Во маалото Албанија се родовите: Касниовци (5 к.) и Чуљевци (3 к.) порано биле еден род, доселени се од Мало Коњари, таму им се род Сваќаровци; Пуцаковци (6 к.) доселени се од некое село во Демирхисарско (Железник).

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Троица“

Во селото се наоѓа црквата „Св. Троица“.

Во близина на селото се наоѓа локалитетот Локва, кој е строг природен резерват. Тој е составен од три бари, остатоци од некогашното Пелагониско блато. Во нив живеат 50 различни видови на организми, од кои 16 се природно ретки видови. Локалитетот е познат по реликтниот ендемски вид вилинско ракче (Chirocephalus pelagonicus), кое опстојува само на ова место.[6]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Гоце Седлоски — македонски фудбалер, член на македонската фудбалска репрезентација

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

ФК Големо Коњари. Во минатото го носи името ФК Братство (Големо Коњари), а под тоа име во сезона 1993/94 клубот настапува во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига).

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Коњарци, Биљаровци и Кумитовци иселени се во Долно Оризари кај Битола. Барлевци иселени се во Боротино. Коњарци и Кулевци иселени се во Бело Поле. Чачаровци иселени се во Врбјани. Бутраковци иселени се во Крушеани. Коњарци иселени се во Долно Српци кај Битола. Сливовци иселени се во Заполжани. Црневци иселени се во Алинци. Стрезовци иселени се во Забрчани.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Васил К'нчов. „Македониja. Етнографиja и статистика“. Софиja, 1900.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1998). Битолско-Прилепска Котлина. Белград. стр. 350-351-352. 
  6. „Вилинско ракче крај Прилеп“. www.bbc.co.uk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]