Забрчани
Забрчани | |
![]() Поглед на Забрчани | |
Координати 41°25′44″N 21°29′51″E / 41.42889° СГШ; 21.49750° ИГДКоординати: 41°25′44″N 21°29′51″E / 41.42889° СГШ; 21.49750° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Прилепско Поле |
Население | 50 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7504 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20040 |
Надм. вис. | 660 м |
![]() |
Забрчани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Забрчани се наоѓа во североисточниот дел на Прилепско Поле, под северозападните падини на планината Злато, на југоисточната страна од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 660 м. Неговиот атар зафаќа површина од 5,2 км2. Од Прилеп, селото е оддалечено 14 км.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]
Во Првата балканска војна, 3 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]
Во летото 2007 година, околината на селото била зафатена од пожари.[5] Во јули 2008, Забрчани и соседното село Мало Мраморани, ги зафаќа силен град, кој предизвикува огромна материјална штета - целосно уништување на неосигураниот земјоделски годишен род на тутун, лубеница и пченка.[6]
На почетокот на 2009 година, истражувањето на Центарот за управување со кризи покажало дека водата во Забрчани е бактериолошки неисправна.[7]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има полјоделска функција. Во неговиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 333 ха, на пасишта отпаѓаат 117,4 ха, додека шумите зафаќаат површина од 36,2 ха.[2]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“, во податокот за 1873 г. Забрчани е заведено двапати — еднаш како Запришани со 26 домаќинства и 128 жители Македонци, и втор пат како Запрчани со 49 домаќинства и 232 жители Македонци, но второто всушност дава податоци за селото Вепрчани.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Забрчани имало 130 жители Македонци христијани.[9] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Забрчани е село со 80 жители Македонци.[10]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 72 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 49 Македонци и 1 лице без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 130 | 80 | 229 | 253 | 243 | 189 | 133 | 82 | 85 | 72 | 50 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови[уреди | уреди извор]
Забрчани е македонско село.
Родови во Забрчани се:
- Доселеници: Стрезовци (7 куќи) доселени се од селото Големо Коњари пред 220 години, го знаат следното родословие: Методија (жив на 59 години во 1950-тите) Стојан-Апостол-Диме-Стрезо-Петко-Богдан, од селото Големо Коњари се доселил предокот Стрезо, уште подалечно потекло имаат од селото Кореница, од каде се иселил Богдан; Бакаровци (6 куќи) доселени се од селото Долнени, таму припаѓале на родот Грневци; Ментевци (2 куќи) доселени се од селото Дреновци, и таму биле доселени однекаде; Ќосевци (5 куќи) најпрво живееле во Големо Мраморани, од каде најпрво се иселиле во Сенокос, па во Секирци и на крај овде; Плачковци (4 куќи) доселени се однекаде; Бардаковци (6 куќи) доселени се од селото Долнени, каде биле род со споменатите Бакаровци; Караџовци (6 куќи) и они се доселени од Долнени, каде исто така биле род со Бакаровци; Веселин (1 куќа) доселен од Стровија, таму припаѓал на родот Тренковци; Пејчиновци (1 куќа) доселени се од поречкото село Локвица во 1946 година.[17]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1461 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[19]
Културни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Забрчки Рид — некропола од доцноантичко време;
- Лозје — населба од доцноантичко време;
- Мартинец — населба од доцноантичко време;
- Шалдашица — осамен наод од римско време;
- Гробиште — црква од непознат период;
- Манастириште — неопределено наоѓалиште од непознат период;
- Попоа Капица — тврдина од непознат период.
- Цркви[22]
Спорт[уреди | уреди извор]
Во минатото, во селото бил активен фудбалскиот клуб Кадица Забрчани.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Ѓоровци и Пржевци целосно се иселиле во Прилеп. Караџовци иселени се во Дупјачани.[17]
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Забрчани
- Стојко Здравев — македонско-одрински доброволец, 20-годишен, 3 чета на 6 охридска дружина;
- Тале Огњанов — македонско-одрински доброволец, 28 (40)-годишен, работник, 4 и Нестроева чета на 4 битолска дружина;
- Јаким Тодоров — македонско-одрински доброволец, 20-годишен, работник, 2 чета на 4 битолска дружина, носител на орден „За храброст“;
- Темелко Ристески — македонски правник.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 127.
- ↑ „Забрчани“. OldPrilep. 16 октомври 2014.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 848.
- ↑ Радио Слободна Европа: Прилеп: Целосно под контрола двата пожари во прилепско
- ↑ КИРИЛИЦА: Силно невреме во Долнени целосно го уништи тутунот, бостанот и пченката[мртва врска]
- ↑ ЦУК: Неисправна вода за пиење во Македонски Брод[мртва врска]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79, 80-81.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јули 2020.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 17,0 17,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 8 јули 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.
Користена литература[уреди | уреди извор]
- Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 127 стр.