Долнени
Долнени | |
Координати 41°25′31″N 21°27′16″E / 41.42528°СГШ 21.45444°ИГДКоординати: 41°25′31″N 21°27′16″E / 41.42528°СГШ 21.45444°ИГД | |
Регион | Прилепско Поле |
Општина | Општина Долнени |
Население | 375 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7504 |
Надм. вис. | 620 м |
Долнени на општинската карта | |
![]() |
Долнени е село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп и претставува седиште на истоимената општина.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Прилепско поле, северозападно од градот Прилеп, од кој е оддалечено 15 километри.
Историja[уреди | уреди извор]
Се смета дека во минатото во близината на Долнени постоеле други населби на местата: Пречна, Слатина и Могила.[1] Се смета дека Долнени е основано по пропаста на тие населби. Најстар познат род од селото се Јанкуловци. За време на турското ропство, селото најпрво било рајатско, а потоа насилно биле формирани чифлици. При крајот на турското ропство, во 1912 година, тука биле затекнати шест турски чифлици (на Мустафа-ефендија, Усеин-ефенди, Асан-ага, Гусак, Мемет Алија и Абдула) и еден христијански (Аџи-Поповски).[1]
Економија[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Долнени живееле 650 жители, сите Македонци.[2]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долнени имало 480 Македонци, егзархисти.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Долнени брои 375 жители, од кои 374 Македонци и 1 останат. Од нив 199 биле мажи, а 176 жени.[4]
На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 650[2] | 480[3] | 900 | 898 | 858 | 685 | 579 | 460 | 424 | 374 |
Може да се забележи дека по 1960-тите години селото го зафатило масовна миграција, така што преминало од голема во средна по големина населба.[5]
Родови[уреди | уреди извор]
Долнени е македонско село.
Родови во селото се: Јанкуловци (10 к.) најстар род во селото, изгледа се староседелци; Јандровци (5 к.) стар род, изгледа доселени се однекаде; Грневци (3 к.) стар род како и Јандровци; Огњановци (8 к.) доселени се од селото Којчево во Мариово (?), основачот на родот се викал Огњан, ја знаат следната генеологија Огњан (жив на 72 год. во 1950тите) Ѓоре-Анѓеле-Мојсо-Ѓоргија-Огњан, основачот на родот кој се доселил; Војводовци (9 к.) гранка се од родот Огњановци; Пиралковци (4 к.) потекнуваат од домазет, доселен однекаде, кој влегол во делумно иселениот и изумрен род Ѓоревци; Шултиковци (10 к.) доселени се однекаде; Диовци (17 к.) доселени се од селото Дихово, битолско; Орешани (28 к.), се делат на Богоевци, Филиповци, Сугаревци, Прдешковци и Бакалевци. Доселени се во средината на 19ти век од селото Ореше, велешко; Шилевци (8 к.) доселени се од селото Шилево кај Ѓавато; Митревци (10 к.) гранка се од родот Шилевци; Ајтовци (12 к.) доселени се од селото Ѓавато; Егејци или Ранчановци (1 к.) доселени се во 1947 од околината на Лерин (Егејска Македонија).[6]
Општествени институции[уреди | уреди извор]
Администрација и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Секоја година во селото Долнени во месноста Рудина се одржува фестивалот на народни иструменти, ора и игри, посветен на светски познатиот гајдаџија Пеце Атанасовски кој бил од ова село.
- Цркви[7]
- Црква „Вознесение Христово“ - селската црква, подигната и живописана во 1857 година;
- Црква „Св. Троица“ - црква;
- Археолошки локалитети[8]
- Бостаниште - населба од доцноантичко време;
- Крапска Бара - населба од доцноантичко време;
- Селска Црква - осамен наод од римско време;
- Селски Гробишта - населба од римско време;
- Пречна - населба од непознат период;[9]
- Слатина - населба од непознат период;[9]
- Могила - населба од непознат период;[9]
- Рудина - црква и некропола од непознат период;[9]
- Ѓеросадојна - гроб и населба од непознат период;[9]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј - втор поглавар на МПЦ
- Пеце Атанасовски - македонски и светски познат гајдаџија
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 361-362.
- ↑ 2,0 2,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.245.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
- ↑ 4,0 4,1 "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика.
- ↑ "Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)". Државен завод за статистика.
- ↑ "36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf". Google Docs. конс. 2019-01-01.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоњо, Београд 1998
Надворешни врски[уреди | уреди извор]