Ропотово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ропотово
Ropotovo 04.JPG

Ропотово

Ропотово is located in Македонија
Ропотово
Местоположба на Ропотово во Македонија
Координати 41°27′01″N 21°22′24″E / 41.45028° СГШ; 21.37333° ИГД / 41.45028; 21.37333Координати: 41°27′01″N 21°22′24″E / 41.45028° СГШ; 21.37333° ИГД / 41.45028; 21.37333
Регион Прилепско Поле
Општина Општина Долнени
Население 546 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 610 м
Слава Дуовден
Ропотово на општинската карта
Ропотово во Општина Долнени.svg

Атарот на Ропотово во рамките на општината
Commons-logo.svg Ропотово на Ризницата

Ропотово е село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Ропотово е рамничарско село. Сместено е во Прилепско Поле, северозападно од градот Прилеп. Во селото поминуваат регионалните патишта R512 Ропотово-Кривогаштани - Демир Хисар и R513 Прилеп - Македонски Брод - Кичево.

Најблиско село на селото Ропотово е Жабјани, село со кое може да се каже дека е споено Ропотово. Други соседни села се Дабјани, Бело Поле и Сарандиново од југ, Лажани од запад, и Рилево и Дебреште од север.

Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Раскрсниче, Меѓупатишта, Попа Чука, Грамада, Заморек, Пепелиште, итн.[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Тројцата мудреци доаѓаат на раѓањето Христово - фреска од црквата „Св. Троица“ во Ропотово

Просторот на кој се наоѓа денешното село Ропотово отсекогаш бил населен, меѓутоа животот на населението на овој простор постојано бил прекинуван. Во XIX век во Ропотово постоеле два чифлизи и тоа околу 90% од земјата припаѓала на Амед Зоговци кои живееле во Албанија, 10% на некои „Арапки“ на чиј чифлиг за ќаја бил поставен Садул Франго од Битола.[1] Споменатиот ќаја „се подигнал“ при што во 1912 година подеднакво земја имале и двајцата чифликсајбии.[1] По оваа година, со крајот на турското ропство, државната српска власт ја поделила земјата на чифчиите кои работеле на чифлизите.[1] Нагол раст на селото настапил во периодот од 1924 до 1927 година, кога голем број Македонци од Порече се доселиле тука.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Ропотово живееле 209 жители, од кои 196 Македонци и 10 Роми.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ропоово имало 128 Македонци, егзархисти.[3]

Според пописот од 2002 год. во Ропотово живееле 546 жители, од кои 545 Македонци и 1 Србин.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 206[2] 128[3] 740 850 824 822 780 617 597 546


Родови[уреди | уреди извор]

Ропотово е македонско село.

Родови во селото се: Тренковци (12 куќи), Пацовци (4 куќи), Кафкаловци (3 куќи) и Нешковци (2 куќи) однекаде се доселени; Трипуновци (4 куќи) и Алексовци (3 куќи) доселени се од селото Слепче; Журевци (3 куќи) доселени се од охридско; Наумовци (1 куќа) доселени се од Нерези, велешко; Гостирашци (3 куќи) доселени се од Гостиражни; Ристевци (4 куќи) потекнуваат од домазет доселен од Порече; Трајковци (3 куќи), Дамјановци (2 куќи), Рујановци (2 куќи), Саздановци (2 куќи), Шарковци (2 куќи), Дурдевци (2 куќи), Поповци (1 куќа), Димитриевци (1 куќа) и Крстевци (1 куќа) доселени се од селото Крапа, Порече; Врсаковци (2 куќи), Ѓурчиновци (1 куќа) и Марковци (1 куќа) доселени се од селото Тополница, Порече; Митревци (3 куќи) доселени се од Манастирец, Порече; Мицковци (5 куќи) и Ивановци (3 куќи) доселени се од Калуѓерец, Порече; Трајковци (4 куќи), Стојковци (3 куќи), Спирковци (2 куќи), Радевци (2 куќи), Наумовци (2 куќи), Цветановци (2 куќи), Бимбиловци (1 куќа) и Коруновци (1 куќа) доселени се од селото Слатина, Порече; Синадиновци (1 куќа), Сиљановци (1 куќа), Стојчевци (1 куќа) и Јаневци (1 куќа) доселени се од селото Лупште, Порече; Бежовци (2 куќи), Михајловци (2 куќи), Симјановци (1 куќа), Димовци (1 куќа), Стојчевци (1 куќа), Велковци (1 куќа) и Кочовци (1 куќа) доселени се од селото Могилец, Порече; Тримчевци (1 куќа) и Илијевци (1 куќа) доселени се од Белица, Порече; Дамчевци (1 куќа) и Несторовци (1 куќа) доселени се од Крушје, Порече; Огњановци (2 куќи) доселени се од Грешница, Порече; Мојсовци (1 куќа) доселени се од Рамне, Порече; Маџовци (2 куќи) и Љубе (1 куќа) доселени се од селото Ковач, Порече; Дојчиновци (3 куќи) доселени се од Могилец, Порече; Велковци (1 куќа) доселени се од Македонски Брод; Барбаровци (1 куќа) доселени се од раселеното село Барбарос, Порече; Пејчиновци (1 куќа) доселени се од Лазарополе, мијачија; Тофиловци (1 куќа) доселени се од Гари, мијачија; Кузмановци (1 куќа) доселени се од Селце, мијачија. Сите родови кои се доселени од Порече (со исклучок на Ристевци) и од мијачијата доселени се после заминување на турците, т.е од 1912-13 натака. Другите родови живеат во селото уште од турско време.[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Параклисот „Св. Архангел Михаил“ во Ропотово

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Троица“
Цркви[7]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Ропотово било и иселување на населението. Се знае за следните иселеници: Мартиновци (2 к.) се иселени во Бело Поле. Николовци, Беличанци и Мартиновци се иселени во Прилеп. На родот Беличанци уште подалечно потекло е од селото Белица, Порече. Едно семејство од Алексовци се иселило во Жабјани. Три семејства од Кафкаловци се иселиле во Прилеп. Едно семејство од Тренковци се иселило во Дебреште.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 364-365. 
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.245
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.150-151.
  4. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. 
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  7. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  8. Осветување на темели за манастир Св. Атанасиј во Ропотово, Прилеп

Надворешни врски[уреди | уреди извор]