Дупјачани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дупјачани
Панорама на Дупјачани.jpg

Панорама на Дупјачани

Дупјачани is located in Македонија
Дупјачани
Местоположба на Дупјачани во Македонија
Дупјачани на интерактивна карта

Координати 41°26′28″N 21°31′18″E / 41.44111° СГШ; 21.52167° ИГД / 41.44111; 21.52167Координати: 41°26′28″N 21°31′18″E / 41.44111° СГШ; 21.52167° ИГД / 41.44111; 21.52167
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Dolneni Municipality.svg Долнени
Област Прилепско Поле
Население 155[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7504
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20036
Надм. вис. 660 м
Дупјачани на општинската карта
Дупјачани во Општина Долнени.svg

Атарот на Дупјачани во рамките на општината
Commons-logo.svg Дупјачани на Ризницата


Дупјачани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Дупјачани се наоѓа во Прилепското Поле, под северните огранки на планината Злато, во источнио дел од територијата на Општени Долнени. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 660 м. Неговиот атар зафаќа површина од 8,9 км2. Од Прилеп, селото е оддалечено 16 км.[2]

Селото се состои од двее маала: Горно и Долно Дупјачани.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]

Во Првата балканска војна, 2 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селскиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 565,6 ха, пасиштата зафаќаат површина од 266 ха, а на шуми отпаѓаат 20,2 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 78 семејства, 9 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[5]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дупјачани е поделено на Долно Дупјачани со 22 домаќинства и 107 жители Македонци, и Горно Дупјачани со 28 домаќинства и 132 жители Македонци.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Дупјачани имало 300 жители Македонци христијани, а во Долно Дупјачани 100 жители исто така Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Горно Дупјачани е село со 240 жители Македонци, а Долно Дупјачани како село со 120 жители Македонци.[8]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 155 жители, од кои 154 Македонци и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[9] 1905[10] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 400 360 221 216 232 216 179 164 163 155
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Дупјачани е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Родови во Дупјачани се:

  • Доселеници: Белоковци (6 куќи) доселени се од соседното село Десово кон крајот на XIX век, уште подалечно потекло имаат од селото Будаково; Тошевци (2 куќи) доселени се после родот Белковци од селото Тројкрсти, и таму се доселени однекаде; Пецевци (1 куќа) доселени се од селото Долнени, најпрво се населиле во Десово, па овде; Бучуковци (1 куќа) родот го основал Анѓеле, кој дошол со мајката после премажување на мајката во ова село, Анѓеле бил од селото Дреновци, таму припаѓале на родот Шиниковци; Поречани (4 куќи) доселени се во 1919 година од селото Лупште, Порече; Копиљаковци (3 куќи) и Крстановци (2 куќи) доселени се во 1923 година од селото Лактиње, Дебрца; Дупевци (1 куќа) живееле секаде и во Ропотово, Кошино; Сливовци (2 куќи) доселени се во 1926 година од селото Сливово, Дебрца; Гличевци (1 куќа) доселени се од Горно Село, каде имаат истоимени роднини; Караџовци (1 куќа) доселени се од селото Забрчани, таму имаат истоимени роднини; Билимановци (2 куќи) доселени се од Сенокос; Сушичани (4 куќи) доселени се во 1954 година од селото Сушица, Порече.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото работи подрачното основно училиште „Пере Тошев“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[13] Освен тоа, во него има и пошта, земјоделска задруга и проавница.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1950-1955, селото било седиште на истоимената општина.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1458 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи.[15]

Културни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[16]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Митковци и Пецевци иселени се во Горно Село. Клацковци и Големковци иселени се во Мажучиште. Ќуфтевци иселени се во Селце. Има и неколку семејства иселени во Прилеп.[12]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јули 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 117-118.
  3. 3,0 3,1 Дупјачани“. OldPrilep. 15 октомври 2014.
  4. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 845.
  5. Соколоски, М. и Стојановски, А. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ (книга 4). Скопје. стр. 89.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  13. Образование“. Општина Долнени.
  14. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 8 јули 2020.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]