Лактиње

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лактиње
Лактиње is located in Македонија
Лактиње
Местоположба на Лактиње во Македонија
Координати 41°23′14″N 20°47′47″E / 41.38722° СГШ; 20.79639° ИГД / 41.38722; 20.79639Координати: 41°23′14″N 20°47′47″E / 41.38722° СГШ; 20.79639° ИГД / 41.38722; 20.79639
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебарца
Област Дебарца
Население 82[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Надм. вис. 862 м
Лактиње на општинската карта
Лактиње во Општина Дебарца.svg

Атарот на Лактиње во рамките на општината
Commons-logo.svg Лактиње на Ризницата


Лактиње — село во Општина Дебарца, во областа Дебарца, во близина на патот Кичево - Охрид.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Во народот се збори дека селото порано се викало Латини, по Латините кои живееле овде. Уствари името на селото би требало да дошло од старото Лактово[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Лактиње е село во Западна Македонија, на источната страна на планината Караорман, сместено во областа Дебарца. Оддалечено е 30 километри јужно од Кичево и 35 километри северно од Охрид и Струга.

Соседни села на селото Лактиње се: Арбиново од исток, Песочани и Издеглавје од југ, Ржаново и Збажди од запад и југозапад, и Годивје од север.

Историја[уреди | уреди извор]

Остатоци од изгореното село Лактиње, Охридско во Втората светска војна

Селото Лактиње е стара населба, тоа има свое историско минато и од најстари времиња е населено на истиот простор. Во атарот на селото се пронајдени остатоци од стари уништени населби, како на месноста Градиште, во повеќе усни преданија се изнесува дека на таа месност се наоѓал град под име Повеница, со повеќе негови делови, меѓу кои некои именувани како Сушица. Според некое друго предание селото Лактиње своето име го добило по доселувањето на родот Јоргановци, кои дошле од местото Латини во Лариса (денешна Грција), и по тоа селото го добило името, според преданието тоа било уште за време на Византија. Како најстари родови во селото се спомуваат, Вељановци, Топаловци, Јоргановци, Булиовци, Балабановци и др. Во 1583 година, по пописот во Охрискиот Санџак, во селото живееле 30 семејства и 4 неженети. За време на борбите за ослободување на Македонија од ова село искочиле многу борци, така овде биле родени Смиле Војданов Војнески и Дејан Димитров Мицкоски, кои останале во сеќавање на народот во Дебарца како големи борци за слободата на Македонија.

Во периодот пред и по Илинденското востание во селото постоела лактинска чета, под водство на комитата Алексо Копиљакоски, а во неговата чета биле: Змејко Трајчески, Ѓоргија Костоски, Ристо Трајчески, Богдан Трајчески, Милош Цветаноски, Стојан Цветаноски, Најденко Наумоски, Сарафил Балабаноски, Равилко Вељаноски, Нове Вељаноски, Карафил Костоски, Дуко Цветаноски, Дејан Ѓурчин, Трене Данески, Никола Војнески, Србин Војнески, Никола Богданоски, Томе Булиоски, Крсте Спасески (Палоски), Карафил Јанески, и др. По арбиновската битка ова село било запалено, Турците го запалиле како одмазда за загубената битка со комитите, а убиени биле и обични цивили. По арбиновската битка за Дијарбекир биле амнестирани (ослободени) следните жители на селото: Војне Спасов Војнески, Србин Војнев Војнески, Никола Војнев Војнески, Змејко Савески, Вељан Николоски, Сандре Бричкоски, Симјан Спироски, Трене Анѓелески, Павле Анѓелески, Стојан Цветаноски (Дукоски), Карафил Јанески, Божин Стојаноски, Најде Најдески (Јанкулоски), Тодор Мојсоски, Дане Данески, Јон Андрески Вељаноски, Карафил Костоски (Ушкоски), Никола Војнески, Филип Анѓелески, Нове Каранфилоски (Митрески), Сарафил Петрески, Најде Јанкула и Ристе Мартин. Некои биле ослободени уште во битолскиот затвор, а некои добиле по 5 години робје, додека некои ги оставиле коските таму.[3]


Во 19 век, Лактиње се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.

Лактиње во Балканските војни и во Првата светска војна[уреди | уреди извор]

Почетокот на Првата балканска војна во Македонија и Лактиње бил дочекан со радост, бидејќи била создадена можност за за ослободување од петвековното турско ропство. Затоа сите од Лактиње и Македонија воопштво се впуштиле во борбата на страната на сојузничките сили. Но после балканските војни Македонија била поделена и Лактиње и целата Вардарса Македонија подпаднале под српска окупација. Во српската војска биле испраќани доста жители на Лактиње, кои немале никаква обука и биле испраќани во првите воени редови. Биле испраќани во западна Србија да се борат со Австро-Унгарија, или на Солунски Фронт. Во Првата балканска војна и во Првата светска војна, во период од шест години, од кои три на страната на Србија и три години на страната на Бугарија, учествувале следните лактинци:

Богдан Савески, Милош Дукоски, Костадин Донески, Стојан Здравески, Здраве Здравески, Најденко Наумоски, Николе Ристески, Ѓоргија Маркоски, Ванче Палиоски, Димко Дукоски, Јон Костески, Петре Вељаноски, Ташко Андоноски, Николе Војнески, Симјан Спироски, Ѓино Станкоски, Божин Стојаноски, Ристе Камбероски, Јанкула Најдески, Кузман Крстаноски, Крсте Палоски, Србин Спасески, Методија Танески, Сандре Бричкоски, Миладин Мартиноски, и др.[3]

Лактиње во НОБ[уреди | уреди извор]

Лактиње како и цела западна Македонија за време на НОБ биле под италијанско-албанска окупација. Па така народот масовно ги помагал партизаните. Во атарот на селото Лактиње на Славеј Планина се основале неколку партизански единици, меѓу кои и батаљонот Мирче Ацев. Во првата партизанска организација во Лактиње се зачлениле следните лактинци: Трајан Дукоски, Сандре Џамески, Славко Целко кој бил син на Симјан Војвода (Леон Спироски) и други.

На 6 октомври 1943 година, со наредба на Главниот штаб на Втората оперативна зона, во Лактиње се формира команда на место како заедничка власт, со седиште во прво време во село Издеглавје, а потоа во Белчишта, командант бил Танаско Алексиев-Левски од Сливово, а потоа и Божин Костески од Белчишта. На истиот ден во Лактиње бил формиран и Околиски народно ослободителен одбор за теренот на Дебарца. За претседател бил избран Антим Поповски од Слатино.

Во 1944 година бил избран и вториот народнослободителен одбор на Лактиње, кој бил легале, од следните лактинци:

Славко Алексоски, Драгољуб Мартиноски, Здраве Максимоски, Бимбил Трајчески и Сиљан Степаноски.

Според зборникот на Шестата македонска бригада, во стројот на Шестата македонска бригада биле следните лактинци: Трене Алексоски, Димче Алексоски, Косте Анастасоски, Косте Вељаноски, Стојмир Војнески, Трајан Јанкулоски, Никола Камбероски, Војне Митрески, Лазар Најдески, Илија Нически, Темелко Ристески, Темелко Савески, Томе Сиљаноски, Спиро Симјаноски, Леон Симјаноски, Јордан Смилески, Ристо Србакоски, Ѓорги Стојаноски, Миле Тренески, Ристо Тренески, Робе Цветаноски и Трпе Петрески.[3]


Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лактиње имало 480 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лактиње имало 560 жители.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Лактиње живееле 82 жители, од кои 81 Македонец и 1 Србин.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 480 560 574 641 537 365 203 123 93 82
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Лактиње е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Лактиње се:

Староседелци: Топаловци (9 куќи) живеат по целото село; Доневци (1 куќа) куќата им е на сред село; Вељановци (21 куќа) куќите им се во маалото Голема Река, слават Св. Никола. Некои од овој род се викаат Василевци, Гритовци и Војновци; Јоргановци (13 куќи) живеат по цело село, слават Св. Никола зимен и летен; Булијовци (5 куќи) живеат во свое посебно маало, слават Св. Никола летен; Богдановци (2 куќи) живеат до Булиовци, слават Св. Никола зимен; Пластевци (1 куќа) живеат на сред село.

Со непозната старина се: Дуковци или Самармковци (20 куќи) живеат во своето маало, кај Мала Река. Некои ги сметаат за староседелци. А други претпоставуваат дека се доселени од Мраморец.[3] Дуко убил маж на некоја жена во Мраморец, па потоа избегал.

Доселеници со познато потекло: Србаковци (4 куќи) доселени се на почетокот од XIX век од некое место во Србија (околината на Гнилане), од каде избегале поради крв, живеат кај Топаловци; Николовци (9 куќи) доселени се кога и Србаковци, доселени се од Горно Палчиште, тетовско,[3] од Таму избегале поради крв, живеат по целото село, слават Св. Никола летен; Шајовци (1 куќа) доселени се во 30тите на XIX век од Маврово, живеат на сред село; Мартиновци (2 куќи) доселени се од селото Ореше, Азот во 1848 година, живеат кај Вељановци, подалечно потекло од мијачкиот крај, ги викаат и Мијаковци[3]; Балазовци (10 куќи) доселени се 1850 година од селото Оздолени, живеат во својот дел во Мала Река, слават Петровден, од овој род потекнувал Смиле Војданов; Анѓелевци (3 куќи) доселени се околу 1878 година од селото Брждани, Копачка, живеат до Балазовци, слават Св. Никола зимен.[2]


Според истражувањата пак на Јован Трифуноски во 1978 година, родови во селото се:

Родови кои потекнуваат од двете сестри и домазетовците се: Новевци (4 к.), Булиовци (4 к.), Камберовци (4 к.), Спировци (3 к.), Доневци (2 к.), Садровци (2 к.), Џамевци (2 к.), Вељановци (2 к.), Најдевци (2 к.), Топаловци (2 к.), Павлевци (2 к.), Андреевци (1 к.), Николовци (1) (1 к.), Ничевци (1 к.), Максимовци (1 к.), Станковци (1 к.), Цељковци (1 к.) и Николовци (2) (1 к.).

Останати родови доселенички се: Балазовци (5 к.) потекнуваат од предок кој дошол од селото Оздолени; Николовци или Голомеовци (2 к.) се доселени од околината на Тетово (Горно Палчиште)[3]; Србаковци (5 к.) потекнуваат од предок Ром кој дошол некаде од Србија (околината на Гнилане)[3] и Треневци и Богдановци потекнуваат од заеднички предок кој дошол од селото Брждани.[9]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебарца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Сливово, во која покрај селото Лактиње, се наоѓале и селата Арбиново, Врбјани, Годивје, Мраморец, Сливово и Турје. Во периодот 1950-1952 година, селото Лактиње се наоѓало во некогашната Општина Годивје, во која влегувале селата Врбјани, Годивје и Лактиње.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[10]

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во постаро време од селото се има иселеници на следните места, Илијовци (13 к.) во селото Долно Лакочереј, Камберовци (4 к.) во Ново Село, исто така иселеници има и во Песочани.[9] Потоа помеѓу двете светски војни доста население е иселено во одредени прилепски села.

До 1978 година од селото се иселиле целосно и следните родови, Дуковци, Пластевци, Петревци, Збашковци, Даневци, Треневци и Богдановци.[9]

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948:

  • Од Топаловци во: Славеј (едно семејство од 1943 година), Глогоњ воВојводина (едно семејство од 1946 година) и во Аргентина (едно семејство од 1919 година).
  • Од Доневци во: Славеј (две семејства од 1943 година).
  • Од Вељановци во: Годивје (како домазет од 1936 година), Арбиново (како домазет кај Радомир Ѓорески од 1930 година), Ботун (како домазет од 1933 година), Славеј (три семејства од 1943 година) и во Аргентина (едно семејство од 1919 година).
  • Од Јоргановци во: Ново Село (едно семејство од 1920 година, познати таму како Камберовци), Славеј (едно семејство од 1943 година) и во Битола (едно семејство од 1920 година).
  • Од Богдановци во: Славеј (две семејства од 1943 година).
  • Од Дуковци во: Песочани (три семејства од 1923 година), Славеј (две семејства од 1943 година) и во Аргентина (едно семејство од 1922 година).
  • Од Самариновци во: Долно Лакочереј (од 1880 до 1885 како едно семејство, во 1948 четири семејства), Славеј (едно семејство од 1943 година) и во Глогоњ (едно семејство од 1946 година).
  • Од Србаковци во: Славеј (едно семејство од 1943 година) и во Глогоњ (две семејства од 1946 година).
  • Од Николовци во: Оровник (едно семејство од 1860 година) и во Сланско (како домазет од 1928 година), Бело Поле (едно семејство од 1928 година), Славеј (две семејства од 1943 година) и во Австралија (едно семејство од 1922 година).
  • Од Мартиновци во: Бугарија (три семејства од 1919 година).
  • Од Балазовци во: Арбиново (како домазет од 1918 година), Песочани (три семејства од 1924 година), Десово (едно семејство од 1928 година), Славеј (едно семејство од 1943 година) и во САД (три семејства од 1903, 1913 и 1919 година).
  • Од Анѓелевци во: Скопје (едно семејство од 1945 година).

Во поново време малобројноста на населението во селото се должи како резултат на масовното иселување пред сè во Австралија и Охрид. А иселеници исто така има и во Скопје, Битола и Белград.[9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 8 октомври 2016. 
  2. 2,0 2,1 . Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебарца “ Лактиње. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Милошески, Танче (2008). Лактиње- Корени и потомци, времиња и судбини. Струга: Ирис-Р. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ. 
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. 
  12. 12,0 12,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. 
  13. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]