Алистрати
Алистрати или Алистраги — некогашно село во Општина Дебрца, во околината на селото Требеништа.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓало во атарот на денешно с. Требеништа, источно од селото во насока на Ливоишта. Месноста денес е позната меѓу жителите како Али Страги.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото е заведено во турски документи од крајот на XVI век. Во опширниот дефтер за Охридската нахија од 1536 до 1539 г. селото се води како Ахи Страник со 12 христијански семејства и 1 ерген. Во дефтерот од 1582-1583 г. се води како Ахи Испраник со 11 христијански семејства и 1 имот.[1]
Во XIX век селото имало целосно Македонско население. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Алистрати се споменува двапати — еднаш како Ali-strati со 5 домаќинства и 18 жители Македонци[2] и вторпат како Alistrati, со 12 домаќинства и 48 Македонци.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Алистрати имал 50 жители, сите Македонци[3].[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Станковска, Љубица (2009). „Етимологиjата на имињата на раселените села од Охридско“. Македонистика. 10: 121–123.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 104-105.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 253.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|