Манастир (Лактиње)
Манастир — археолошко наоѓалиште во охридското село Лактиње, Општина Дебрца. Претставува населба и црква од средниот век.
Се наоѓа на околу 8 км западно од селото и 3 км источно од Песочанска Река (Радомирска Река), преку врвот Славеј, на мала падина која денес е обрасната со густа растителност. На просторот се забележуваат урнатини од градба - црква со крстовидна основа. Северно од овој простор, теренот упатува на постоење на мала населба.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 249. ISBN 9989-649-28-6.