Требеништа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Требеништа
Требеништа се наоѓа во Македонија
Требеништа
Местоположба на Требеништа во Македонија
Координати 41°12′23″ СГШ 20°45′17″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Општина Дебарца
Население 513 жит.
Надм. вис. 848 м
Commons-logo.svg Требеништа на Ризницата


Требеништа е село во Општина Дебарца. Селото е познато по требенишката маска. Според пописот од 2002 година селото има население од 513 жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Требеништа се наоѓа во областа Охридско Поле, на 14 км од Охрид.

Историја[уреди | уреди извор]

Посмртна маска од некрополата Требеништа од VI век п.н.е.

Според податоците од 1873 година, селото имало 24 домаќинства со 87 жители христијани (Македонци) и 70 муслимани.[1] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 310 жители христијани (Македонци).[2]

Требеништа е ослободено од фашистичка окупација на 8 ноември.

Во селото се наоѓа некрополата Требеништа. Според податоците на Паско Кузман од книгата "Уметноста на Требеништа" во движниот фонд од некрополата "Требеништа" се евидентирани 825 археолошки предмети, од кои 258 се чуваат во Археолошкиот музеј во Софија, 187 во Народниот музеј во Белград и 380 во Народниот музеј во Охрид. Сепак, мора да се каже дека највредните примероци, меѓу кои се четирите златни посмртни маски, се надвор од Македонија. Меѓу нив се и двата бронзени масивни кратери, сребрените пехари и ритони, златни ракавици, сандали и украсни плочки, како и голем број примероци од златен и сребрен накит. Откривањето на тајните на Требенишката некропола почнало случајно при изградбата на патот Охрид-Кичево во 1918 година, а потоа неа ја истражувале археолозите Карл Шкорпил од Софија во 1918 година , Никола Вулиќ од Белград од 1930 до 1934, Васил Лахтов и Јоже Кастелиц во 1953/54 година и Владо Маленко во 1972 година. Досега се ископани 56 гроба и гробници од кои 13 се "кнежевски" со богати гробни прилози, а другите се со поскромен археолошки материјал. Во Требенишката некропола, поради немање финансиски средства, 30-тина години не се вршат истражувања.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во селото Требеништа живеат 513 жители, 500 Македонци, 8 Албанци, 2 Турци, 1 Србин и 2 други.

Економија[уреди | уреди извор]

Населението од Требеништа главно се занимава со одгледување на земјоделски култури.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Во претходните децении основното училиште кое се наоѓало во Требеништа било познато и под имињата ОУ "Кочо Рацин" и ОУ "Свети Климент Охридски".

РЕЛИГИЈА

Требенишка Парохија

Во состав на оваа парохија се селата: Требеништа, Оровник, Горенци и Подмолје. Поранешната Требенишка парохија повеќе години е во составот на парохии при црквата "Успение ан Пресвета Богоордица" - Каменско во Охрид. Овие села административно припаѓаат на Третата парохија при Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Охрид. Парохиски свештеник на парохијата е свештеник Горан Ставрески, свештенослужител при Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Охрид.

Централна парохиска црква "Свети Никола" е изградена во 1942 година, а живописана во 1944 година. Иконите на иконостасот се дело на иконописецот Доне Донески од с. Лазарополе.

Црква "Света Недела" - Изградена и осветена на 16. VII 1995 година од страна на Митрополитот г.г. Тимотеј Дебарско-кичевски. Проектот за црквата е изработен од архитектот Тодор Паскали од Охрид, додека фрескоживописот е дело на уметникот Драган Ристески од Охрид.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Од 2004 година селото Требеништа потпаѓа под Општина Дебарца. Претходно било дел од Општина Мешеишта.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Требенишко Езеро (Бобано) — природно езеро, едно од најмладите во Македонија, настанато по природен пат откако поради лизгање на земјиштето од ридот Габер се затрупала тесната долина низ која протекувал поток кој се течејќи низ селото влевал во реката Сатеска.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Од 2014 година традиционално се одржува Фолк Фест Црешнобер. Целта на манифестацијата е да ја промовира црешната како заштитен бренд на ова село, а покрај културно-забавната програма има и изложба на црешни.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Селото е дом на ФК Требеништа, во комунизмот познат и како ФК Младост Требеништа.

Во 2015 година во употреба е пуштена новата Спортска Сала Аминта Трети, именувана по античкиот македонски крал Аминта III, за кој има наводи дека е од ова село.

Требеништа е родно место на вајарот Власе Николески.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Требеништани можат да се најдат во повеќе земји во Европа, САД, Канада и Австралија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.102-103.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.253
  3. „За училиштето“. македонски: ОУ „Дебарца“ - Белчишта. http://www.oudebrca.com/za-uchilishteto/. конс. 22 август 2016 г. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]