Тимотеј Дебарско-кичевски
Тимотеј Дебарско-кичевски | |
---|---|
Дебарско-кичевски митрополит | |
На должноста 1995 – во служба | |
Претходник | Ангелариј |
Наследник | нема |
Австралиско-новозеландски митрополит | |
На должноста 1981 – 1995 | |
Претходник | непознато |
Наследник | Петар |
Лични податоци | |
Роден(а) | 20 октомври 1951 како Славе Јованоски Младо Нагоричане, Кумановско |
Националност | Македонец |
Професија | Митрополит на МПЦ-ОА |
Вероисповед | Православен христијанин |
Тимотеј Дебарско-кичевски е актуелниот митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Животопис[уреди | уреди извор]
Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско како Славе Јовановски[1]. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работи како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.
Во Монашки потстриг примал на 10 септември 1981 година во Бигорскиот манастир, а на 11 септември 1981 година бил ракоположен за јероѓакон во истиот манастир. На 13 септември 1981 година бил ракоположен за јеромонах во Кичевскиот манастир, а за архимандрит бил произведен во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Битола[2].
По изборот за епископ на 20 септември 1981 година бил хиротонисан за архиереј на МПЦ во црквата „Свети Димитриј“ во Скопје. Од 21 септември 1981 година бил назначен за Митрополит Австралиски и администратор на Дебарско-кичевската епархија. Со Австралиската епархија раководел до 1995 година, од кога продолжил да раководи со Дебарско-кичевската епархија како Митрополит Дебарско-кичевски[3].
Наводи[уреди | уреди извор]
|