Власе Николески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Власе Николески (р. 1948 година во с. Требеништа, Oхридско) — македонски вајар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Во 1966 година заминал за Австралија. Годините по пристигнувањето на Австралијскиот континент ги посветил на своето образование и веќе во 1973 година поседувал две дипломи. Првата диплома ја добил за завршени студии по визуелни уметности на Високата школа за уметност во Хобарт, Тасманија, а втората за завршени студии за визуелни уметности – скулптура на Викторија Колеџ за уметности од Мелбурн. По двете студиски патувања во Франција, Велика Британија и во САД, завршува постдипломски студии на Институтот за уметност во Сиднеј.[1]

Во своето уметничко творештво Власе Николески користи елементи од македонското археолошко и етнографско наследство како и сегменти на абориџинската традиција. Неговите скулптури како функционални инсталации можат да се поделат на ентериерни, екстериерни и пејзажни. Ентериерните и екстериерните, општо, а пејзажните посебно, глобално ја профилираат естетичката тежина, значењето на партиципацијата на Николески во процесот на вајарското мислење воопшто.

Покрај дваесетина поголеми самостојни изложби, учествувал и на многубројни групни изложби организирани од реномирани галерии и музеи. Добитник е на голем број награди и признанија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Власе Николески“. Агенција за иселеништво. 2018-07-05. Посетено на 2020-04-29.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]