Требенишко Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Требенишко Езеро (Бобано)
Требенишко Езеро (Бобано) - Поглед на езерото од исток
Поглед на езерото од исток
Место Требеништа, Македонија
Координати 40°12′28 N°21′46
Вид природно
Земји во сливот Македонија
Најг. должина 200 м
Најг. ширина 80 м
Прос. длабочина 3 м
Најг. длабочина 5 м
Надм. височина на површината 850 м


Требенишко Езеро (познато и како Бобано[1]) — природно езеро во непосредна близина на селото Требеништа, кое претставува најмладото природно езеро во Македонија настанато по природен пат.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на езерото

Се наоѓа на исток од село Требеништа на околу 1 км од центарот на селото[2]. Езерото е природно, настанало пред околу 50 години кога од ридот Габер дошло до лизгање на земјиштето и се затворило коритото на потокот кој течел од Горно Поле према с. Требеништа и се вливал во каналот на река Сатеска. Езерото се протега исток-запад. Должината изнесува околу 200 м а ширината околу 80 м[2]. Максималната длабочина изнесува околу 5 м, акумулира околу 30.000 м3 вода. Нивото на водата во летниот период се намалува од максимална за околу 2 м во висина. Северниот и западниот брег се пострмни а јужниот и источниот се поблаги[2]. Во езерото се влива поток кој доаѓа од Горно Поле од источната страна а од езерото истекува поток кој извира под самото лизгалиште каде што и порано пред создавањето на езерото течел потокот, а се влива во каналот на река Сатеска. Водата во езерото е матна[2]. Поради својата убава околина со ридови обраснати со зимзелена и листопадна шума, езерото е излетничко место, заради што непосредно до него се изградени и неколку летниковци. Непосредно покрај езерото минува и земјен пат кој води до селото Ливоишта, кој е многу погоден за велосипеди, а е во возна состојба и за сите видови моторни возила.

Рибен свет[уреди | уреди извор]

Поглед на езерото со потокот кој се влева од исток

Езерото е доста погодно и привлечно за рекреативен риболов[2]. Во езерото постојат следните видови на риби: крап, клен, писа, јагула, црна мрена, плашица, грунец, моранец и амурче. Во 1998 година од голема суша дошло до намалување на водата во езерото и најголемата длабочина изнесувала помалку од 2 м[2]. Во езерото, во минатото, од страна на концесионерот се констатирани неколку масовни помори на риба настанати како резултат на наалување на волуменот и појавата на бескислородни зони. Најголем помор е забележан кај: плашицата, кленот, мрената и моранецот во 2000 година. Во 2002 год. Езерото е порибено со околу 150 примероци на подмладок јагула и во два наврати со по 40-50 примероци на полово зрели единки на писа. Во 2004 год. порибено е со околу 100 примероци на подмладок од клен[2]. Во 2005 год. порибено е со оклу 100 примероци на подмладок на јагула. Исто така и во 2009 год. порибено е со околу 100 примероци на подмладок од јагула[2]. Дополнително Езерото е порибено со рибата од Слатинско езеро која е префрлена за да се избега еколошка катастрофа, со околу 500 примероци на крап со тежина од 300 грама до еден килограм[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]