Тополничко Езеро

Координати: 41°40′30″N 22°22′30″E / 41.67500° СГШ; 22.37500° ИГД / 41.67500; 22.37500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тополничко Езеро
Тополничко Езеро - Поглед на езерото
Тополничко Езеро - Поглед на езерото
Поглед на езерото
Координати 41°40′30″N 22°22′30″E / 41.67500° СГШ; 22.37500° ИГД / 41.67500; 22.37500
Вид вештачко
Главен дотек Тополничка Река
Главен истек Тополничка Река
Земји во сливот Македонија
Површина 0,23 км2
Водна зафатнина 1,35 хм3
Надм. височина на површината 620 м


Тополничко Езеровештачко езеро и хидројаловиште во близина на селото Тополница по коешто и го добило името.

Географија и хидрографија[уреди | уреди извор]

Езерото е изградено по горното течение на Тополничка Река, на надморска височина од 620 м. Сливната површина на реката до преливот на браната изнесува 20,1 км2 и таа образува корито во должина од 6 км. Вкупната површина на езерото изнесува 0,23 км2. Испарувањето на водата од езерото при просечно количество врнежи од 650 мм годишно изнесува 170.000 м3.[1]

Брана и капацитет[уреди | уреди извор]

Браната е изградена на надморска височина од 520 м. Таа има вкупна корисна зафатнина од 1.350.000 м3, а потребната зафатнина за нанос (мртов простор) изнесува 500.000 м3.[1]

Намена[уреди | уреди извор]

Браната на езерото било планирано да биде формирана во три фази. Езерото служи за прибирање на отпадниот материјал (јаловина) којшто се добива со издвојвањето на корисниот концентрат на бакар при подготовка на минералната суровина во процесот на флотација. Јаловината по својот состав претставува ситнопесоклива и финопрашкаста материја со масен удел од околу 99% од вкупно произведената руда, која до езерото се доведува во облик на пулпа преку отворен каналски систем. Потоа, јаловината преку систем на циклониање се разделува на маса со покрупни зрна (фракција на песок) и фини зрна (фракција на прелив). Масата со покрупни зрна служи за надвишување на браната, а онаа со фини зрна се испушта во езерото и во него се таложи. Избистрената вода од езерото преку повратен цевковод се испумпува и се враќа во процесот на флотација.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Извештај од извршената ревизија на Студијата за последиците од поплавен бран за степенот на изграденост на круната на браната „Тополница" за кота 630 м.н.в.“ (PDF). Штип: Рударско-геолошки факултет - Штип. декември 2014. Посетено на 29 април 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]