Мавровица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мавровица
Мавровица - Поглед на езерото со браната
Поглед на езерото со браната
Координати 41°54′52 N°21′58
Вид вештачко
Главен дотек Мавровица (Орелска Река)
Главен истек Мавровица (Орелска Река)
Земји во сливот Македонија
Водна зафатнина 2.800.000 м3


Мавровица (понекогаш нарекувано Орел) — вештачко езеро подигната на истоимената река во близина на селото Немањици, Македонија. Акумулацијата е создадена преку земјенонасипна брана со височина од 25 метри.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа северно од градот Свети Николе, а јужно од селото Орел, но сепак влегува во атарските граници на селото Немањици.

Особености[уреди | уреди извор]

Езерото има волумен од 2,8 милиони метри кубни. Се користи за наводнување и водостопанство.[1]

Езерото е познато риболовно одредиште, а ги има видовите на риба како: сом, крап, амур, лињак, костреж, клен, и црвеноперка, а најинтересно е дека во езерото има и слатководни медузи.[2] На езерскиот брег се одржува и меѓународен риболовен натпревар во лов на крап со јадица на дно, „по шема“ фати и пушти.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Група автори (2016). „Езера во Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 235. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. ЕЗЕРО (ОРЕЛ)- МАВРОВИЦА- Оки-рибарр
  3. ЛОВ НА КРАП НА ЕЗЕРО МАВРОВИЦА

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°54′52″N 21°58′59″E / 41.91444° N; 21.98306° E / 41.91444; 21.98306