Прејди на содржината

Лисиче (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења на поимот Лисиче видете на појаснителната страница
Лисиче
Лисиче - Воздушен поглед на езерото Лисиче
Лисиче - Воздушен поглед на езерото Лисиче
Воздушен поглед на езерото Лисиче
Карта
Координати 41°41′39″N 21°35′57″E / 41.69417°N 21.59917°E / 41.69417; 21.59917
Вид вештачко
Главен дотек Тополка и Врановска Река
Главен истек Тополка
Земји во сливот Македонија
Најг. должина 1,35
Најг. ширина 1,35
Површина 1
Најг. длабочина 60
Водна зафатнина 25.000.000
Надм. височина на површината 450

Лисиче (познато и како Езеро Лисиче) — вештачко езеро во близина на велешкото село Лисиче, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.[1]

Браната на езерото е подигната на Тополка и Врановска Река.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Акумулацијата се наоѓа во непосредна близина на велешкото село Лисиче, сместено во пазувите на планината Јакупица на територијата на Општина Чашка.

Водната површина изнесува еден квадратен километар и со своите 25 милиони кубни метри вода, се вбројува во средно големите акумулации во Македонија. Него го полнат две реки, Тополка и Врановска. Езерото основно служи за водоснабдување на 60-тина илјади луѓе, од општините Велес и Чашка и за наводнување.[2]

Длабоко е до 60 метри и се наоѓа на 450 метри надморска височина. На средината на езерото се наоѓа водозафатната кула, која е меѓу највисоките изградени во земјава, со височина од 70 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Комплетниот проект почнал да се гради од 1987 година и чинел 65 милиони евра, а завршен бил 20 години подоцна, кога бил и свечено пуштен во употреба во септември 2007 година.[3]

Од ихтиофауната во акумулацијата лисиче, присутни се: црна мрена, крап, кркушка, клен од семејството на краповите и македонска пастрмка од семејството на пастрмките.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Група автори (2016). „Езера во Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 28. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. Печков, Петар (4 октомври 2009). „Лисиче со вода и за граѓаните и за земјоделците“. Ти реков ми рече. Посетено на 14 септември 2012.
  3. Печков, Петар (8 септември 2007). „Свечено отворање на Хидросистемот Лисиче“. Ти реков ми рече. Посетено на 14 септември 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]