Бучимско Езеро
Бучимско Езеро | |
---|---|
Координати | 41°38′56.3″N 22°20′29.5″E / 41.648972° СГШ; 22.341528° ИГДКоординати: 41°38′56.3″N 22°20′29.5″E / 41.648972° СГШ; 22.341528° ИГД |
Вид | вештачко |
Земји во сливот | Македонија |
Надм. височина на површината | 500 м |
Бучимско Езеро — вештачко езеро во близина на селото Бучим по коешто и го добило името. Создадено е на водотек којшто се влева во Тополничка Река од нејзината десна страна.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Езерото се наоѓа во непосредна близина на рудникот „Бучим“ од неговата западна страна.[1]
Намена[уреди | уреди извор]
Во езерото се испумпуваат подземните и атмосферските води коишто се слеваат во зоната на рудниот коп. Преливот од езерото во минатото преку суводолица се слевал во Тополничка Река.[2]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Даневски, Т. (2012). „Влијание врз животната средина од одлагалиштето за откривка и флотациското хидродлагалиште во рудникот за бакар „Бучим“, со преземање на мерки за заштита“. Факултет за природни и технички науки, Институт за рударство, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. Штип. стр. 23.
- ↑ Даневски, Т. (2012). „Влијание врз животната средина од одлагалиштето за откривка и флотациското хидродлагалиште во рудникот за бакар „Бучим“, со преземање на мерки за заштита“. Факултет за природни и технички науки, Институт за рударство, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. Штип. стр. 45.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Бучимско Езеро на Ризницата ?