Дешатски езера
Изглед
Дешат претставува планина во западниот дел на Македонија. На нејзиното било постојат неколку леднички (леднички) езера.[1]. Со исклучок на езерото Локув кое се наоѓа во горскиот појас меѓу густа букова шума на 1565 метри надморска височина, речиси сите останати езера се наоѓаат над горскиот појас во голиот дел на билото над 1800 метри. Повеќето езера се полнат со вода од топењето на снеговите и мразот, а дел и од сопствени подземни извори. Најголем дел од езерата истекуваат во мали потоци, кои се влеваат во реката Радика.
- Локув - најпознатото дешатско езеро;
- Северно Гашово Езеро;
- Јужно Гашово Езеро;
- Турен Камен;
- Света Недела;
- Ѕверина;
- Самево Езеро;
- Махмутово Езеро;
- Сува Бара;
- Вир (Салева Ливада);
- Вклада - исчезнато;
- Горно Дешатско Езеро - исчезнато;
- Долно Дешатско Езеро - исчезнато;
- Лопушник - исчезнато;
- Света Недела - повремено;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Василески, Д.(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mauntain Desat. АД НАпредок, Тетово;
|