Јужно Гашово Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јужно Гашово Езеро
Јужно Гашово Езеро (Дешат) 02.jpg
Координати: 41°38′08″ СГШ; 20°32′46″ ИГД / 41.635464° СГШ; 20.545996° ИГД / 41.635464; 20.545996Координати: 41°38′08″ СГШ; 20°32′46″ ИГД / 41.635464° СГШ; 20.545996° ИГД / 41.635464; 20.545996
Површина: 423 м2
Должина: 65 м
Ширина: 11,8 м

Обем:

м
Длабочина: 2,85 м
Надморска висина: 1.770 м
Планина: Дешат

Јужно Гашово Езеро е мало ледничко езеро кое се наоѓа на источните падини на планината Дешат непосредно под нејзиниот највисок врв Веливар (2373 м.н.в). Сместено е во мал дол и вдлабнатина на почетокот на самото тревнато било на планината Дешат веднаш над завршетокот на горскиот појас, во месноста Аргач, означена на топографските карти. Поточно, Јужното Гашово Езеро се наоѓа во изворишниот дел на реката Лопушник, на надморска височина од 1770 метри[1]. Зафаќа површина од 423 м², а најголема измерена длабочина изнесува 2,85 метри[2]. Најголемата должина на езерото измерена по оската на протегање изнесува 65 метри, додека најголемата широчина изнесува 11,8 метри[3].

Поглед на езерото

Непосредно веднаш до него на само 1,5 метар раздалеченост се наоѓа Северното Гашово Езеро од кое е одвоено со мала земјена височинка покриена со трева. Езерото има издолжен облик во правец исток - запад и има постојан водостој при што не пресушува ниту се намалува во текот на целата година. Од него постои мала истека која со вода го напојува соседното малку поголемо Северно Гашово Езеро. Водите на езерото се бистри и чисти, а поради малата површина и длабочина брзо се загреваат и се проѕирни до самото дно. Поголемата длабочина која ја има ова езеро од соседното северно Гашово езеро, на неговите води дава убава потемно сина (тиркизна) боја. Од неговите води често пијат и пред стрижење се капат стадата овци кои се напасуваат по билото на Дешат. До езерото може да се стигне преку необележана патека која води десно од езерото Локув, низ шумата и пасиштето каде стои таблата на граничниот појас и стрмниот камен дол преку кој се излегува на билото на Дешат. Овие две езера кои меѓу народот се познати како Требишки вирови, бари или локви, првобитно биле означени како Северно и Јужно Требишко Езеро поради тоа што се наоѓаат во атарот и близината на селото Требиште, но на предлог на македонскиот хидрограф-истражувач Драган Василески изнесен во 1996 година тие се именувани со сегашните имиња во чест на македонскиот истражувач - хидрограф проф. д-р. Миливој Гашевски[4].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. - Предлог студија за валоризација на заштитено подрачје Маврово, стр.51
  2. Василески, Д.(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mountain Desat. АД НАпредок, Тетово; стр. 46
  3. Василески, Д.(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mountain Desat. АД НАпредок, Тетово; стр. 46
  4. Василески, Д.(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mountain Desat. АД НАпредок, Тетово; стр. 43