Дешат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дешат
Поглед на целото протегање на билото и сртот на Дешат од врвот Куртово Ќуле
Највисока точка
Надм. вис.2373 м
Матичен врвВеливар
Географија
Дешат на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија
 Албанија
ПокраинаMK
Матичен венецШара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман

Дешатпланина на македонско-албанската граница, дел од веригата Шар-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.[1] Највисок врв е Веливар (Вели Врв) со 2.373 метри. Други високи врвови се Дели Сеница и Сува Бара[2]. Има неколку мали леднички езера[3]. Најпопуларно е езерото Локув[4], кое се наоѓа на североисточниот дел на планината на 1.560 метри надморска височина и е најниско ледничко езеро во Македонија. Од источната страна тече реката Радика, која ја дели од Бистра и Стогово. Поголем дел од планината е во подрачјето на Националниот парк Маврово.

Релјеф и земјишни облици[уреди | уреди извор]

Поглед на Дешат од манастирот „Св. Јован Бигорски“

Планината Дешат го зафаќа средишниот дел од корабскиот планински масив (венец), протегајќи се од истоимениот високопланински преслап Дешат (1976 м) и долината на реката Жировница (Валавичарска Река), која воедно ја одделува од планината Кораб на север, до високопланинскиот преслап Сува Бара (2080 м) и долината на Требишка Река која ја одделува од планината Крчин на југ[5]. Вкупната должина на планинскиот срт изнесува 7 километри[5]. На исток оваа планина се протега до котлинското дно на реката Радика, а на запад до источниот рабен дел на Пешкопејската Котлина во соседна република Албанија[6]. По нјависоките точки од планинскиот срт минува македонско-албанската граница, а целата источна страна на планината Дешат и припаѓа на територијата на Македонија, додека западната припаѓа на Албанија[7]. Вкупната површина што и припаѓа на територијата на Македонија изнесува 53 км2[7]. Најниската точка на планината Дешат на територијата на Македонија се наоѓа при вливот на Требишка Река во Радика на надморска височина од 680 метри, а највисоката е врвот Веливар на 2372 метри, со што релативната виснинска разлика помеѓу овие две точки изнесува 1692 метри[7].

Позначајни врвови[уреди | уреди извор]

Геолошки состав[уреди | уреди извор]

Растителен и животниски свет[уреди | уреди извор]

Планината е добро покриена со шуми. Во најголемиот дел од шумите преовладува буката, од која во голем број се забележуваат и доста стари стогодишни дрвја. Во помал број се среќаваат и борови, смреки, јасики, планински јавор и брези. Од другите видови на растенија и од оние кои даваат шумски плодови широко распространети се боровинката, малината, капината, шипинката, планинскиот чај, ајдучката трева, киселецот, а папратот во голема мера е застапен на цели ливади и предели. Од растителнојадните цицачи ги има еленот, дива свиња, срна, дивокоза. Од ѕверовите се среќаваат мечка, волк, рис, лисица. Има и повеќе видови птици.

Клима и туризам[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Географско друштво на СР Македонија (1989). Географски разгледи (27-30. изд.). Скопје: Друштво.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-11-10. Посетено на 2007-10-11.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-11-10. Посетено на 2007-10-11.
  4. [1][мртва врска]
  5. 5,0 5,1 Василески, Д.(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mauntain Desat. АД НАпредок, Тетово; стр. 13
  6. Василески, Д.(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mauntain Desat. АД НАпредок, Тетово; стр. 13-14
  7. 7,0 7,1 7,2 Василески, Д.(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mauntain Desat. АД НАпредок, Тетово; стр. 14

Надворешни врски[уреди | уреди извор]