Кундинско Езеро
Кундинско Езеро | |
---|---|
![]() | |
Координати: | 42°01'50.9 с.г.ш. 22°09'18.7 и.г.д |
Површина: | 13.500 м2 |
Должина: | м |
Ширина: | м |
Обем: |
м |
Длабочина: | 2 м |
Надморска висина: | 745 м |
Планина: | Плавица, Осоговски Планини |
Кундинско Езеро — природно езеро од вулканско-денудациско потекло и мочуриште во билизината на пробиштипското село Кундино, во источниот дел на Македонија. Се наоѓа во западниот дел на Осоговските Планини, помеѓу Пробиштип и огранокот Плавица (1.297 м)[1]. Околниот-непосреден простор на езерото главно се поклопува со сливното подрачје на Плавички Дол и ограничува површина од околу 8 км2. Во оваа месност има повеќе интересни географски објекти, како што се големата палеовулканска купа и калдера на Плавица, повеќето секундарни вулкански купи (чуки), бројните ерозивни облици во вид на неплоден предел, и особено Кундинското Езеро. Кундинско Езеро е мало природно езеро кое по прокопување на одводен канал во 1970-тите е речиси целосно уништено[1]. Денес тоа има повремен карактер и повеќе наликува на тресетиште, со бујна вегетација од трска и шевар. Се наоѓа 1 км североисточно од селото Кундино, на дното на една преиздлабена палеовулканска елипсеста депресија (вдлабнатина), на надморска височина од 745 м[1]. Всушност басенот на езерото настанал со селективна ерозија на неотпорните туфови, во однос на поотпорните андезити, кои ја сочинуваат рамката. Езерото има специфична положба и лачен изглед, со доминантен правец на протегање ИСИ-ЗЈЗ[1]. При максимално ниво (за време на интензивни врнежи), должината на езерото достигнува 250 м, широчината 30-70 м, должината на бреговата линија 580 м, а површината 1,35 ха[1]. Тогаш, најголемата длабочина му изнесува до 3 м[1]. Езерото вода добива речиси исклучиво од атмосферски врнежи од неговото сливно подрачје (0,34 км2), а ја губи преку истекување од споменатиот канал, со испарување, понирање и др[1].