Матка (езеро)
Изглед
| Матка | |
|---|---|
| Координати | 41°57′08″N 21°17′56″E / 41.95222°N 21.29889°E |
| Вид | вештачко |
| Главен дотек | Треска |
| Најг. должина | 7 км |
| Најг. ширина | 120 м |
| Површина | 0.25 км2 |
Матка — најстарото вештачко езеро во Македонија, чијашто акумулација е изградена во 1938 година. Добиено е со преградување на реката Треска со брана („Св. Андреја“), и создавање на вештачка акумулација во кањонот Матка.

Од Езерото водата се користи за добивање на електрична енергија, но и за наводнување на селата во околината. Езерото е порибено и честопати се користи и за спортски риболов. Во ова езеро се наоѓа и подводната пештера Врело, една од најдлабоките подводни пештери во Европа, која има длабочина повеќе од 203 м.[1]

Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Рекорд во Врело – нуркачот Касати стигна на 203 метри длабочина во подводната пештера“. Канал 5 Телевизија. Архивирано од изворникот на 2020-07-02. Посетено на 2011-03-21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Истражи ја Македонија“
- "Top 10 European canyons and gorges for walking and hiking trips", Guardian, 13 August 2015.
- „Матка и Врело - светска убавина без стопани и чувари“[мртва врска], „Дневник“, 16.6.2015.
- „Старата хидроцентрала “Матка” стана прв изложбен центар за електрична енергија“ Архивирано на 30 септември 2020 г., Алсат-М, 10 мај 2017.
| Оваа статија за езеро е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||||||

