Турија (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења поимот „Турија“ видете на појаснителната страница
Турија
Видвештачко
Земји во сливотМакедонија
Најг. должина4,5 км
Најг. широчина500 м
Површина0,16 км2
Водна зафатнина48.000.000 м3

Турија — вештачка акумулација изградена на истоимената река Турија, во Струмичката Котлина. Се наоѓа на 16 км северно од Струмица.[1] Браната е земјено-насипна, со глинено јадро преку кое е нафрлан чакал и камен. Круната е долга 417,3 м, широка 8 м, и висока над теренот 78 м. Должината на заезерениот дел изнесува 4,5 км, широчината 500 м, а зафаќа површина од 0,16 км2. Вкупната зафатнина на акумулациониот базен изнесува 48.000.000 м3, од која 3.000.000 м3 е мртов простор. Се користи за наводнување на 10.000 ха обработливи земјоделски површини во Струмичкото Поле.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Никодиновски, Борис (2000). Основи на воена географија на Република Македонија. Нико Компјутери.
  2. Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002