Кучковски Водопад
Кучковски Водопад | |
---|---|
![]() Поглед на водопадот | |
![]() | |
Место | помеѓу селата Кучково и Горно Свиларе |
Највисок слап | 6 м |
Кучковски Водопад — водопад сместен помеѓу селата Кучково и Горно Свиларе, на поток наречен Река.[1]
Во близина на водопадот се наоѓа археолошко наоѓалиште, кое потекнува од римскиот период со видливи остатоци од ѕидови.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Водопадот се наоѓа во атарот на скопското село Кучково, од кое е повеќе оддалечено, додека селото Горно Свиларе е попристапно и поблизу.
Пристап[уреди | уреди извор]
До водопадот може да се дојде по земјениот пат за караулата „Чашка“, кој започнува од селото Кучково. Откако патот ќе се спушти до самата караула, се продолжува на југ (лево вртење). Откако ќе се поминат стари рударски окна и ископини и ќе се појави малиот поток, ќе се најдете кај водопадот. Од страната на селото Горно Свиларе, пак, на крајот на селото започнува земјен пат кој продолжува кон малата клисура на потокот, на што претходат плавни површини со наноси.
Туризам[уреди | уреди извор]
Водопадот не е туристички претставен, иако Општина Ѓорче Петров и Општина Сарај се обидувале да пронајдат решенија за развој на наоѓалиштето.[1]
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Потокот кај водопадот
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Фото алманах Сарај“ (PDF). Посетено на 6 февруари 2022.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Кучковски Водопад на Ризницата ?