Козјак (езеро)
- За други значења на поимот Козјак видете на појаснителната страница
| Козјак | |
|---|---|
| Место | Општина Македонски Брод |
| Координати | 41°48′42″N 21°09′58″E / 41.8116°N 21.1661°E |
| Вид | вештачко |
| Земји во сливот | |
| Најг. должина | 32 км |
| Најг. ширина | 400 м |
| Површина | 13,5 км2 |
| Најг. длабочина | 135 м |
| Водна зафатнина | 0,38 км3 |
Козјак — вештачко езеро во Западна Македонија, најголемо во државата, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток. Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м. Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно.
Езерото е создадено во 2004 г., кога започнала со работа хидроцентралата „Козјак“, со капацитет од 150 гигават-часови просечно годишно производство на електрична енергија. Целиот акумулациски систем бил проектиран од кинески инженери. Основата на браната е 500 м, а круната или врвот 310 м. Максимална кота на езерото е 469,9 м. Капацитетот на езерото е приближно 0,38 км3 вода.[1]
Флора и фауна
[уреди | уреди извор]Во акумулацијата Козјак се среќаваат девет видови риби, но не е исклучено да се најдат и други видови на риби.[2] Во последните години активно и редовно се врши порибување на езерото.
| Вид | Научен назив | Слика |
|---|---|---|
| поточна пастрмка | Salmo macedonicus | |
| крап | Cyprnus carpio | |
| виножитна пастрмка | Oncorhynchus mykiss | |
| клен | Leuciscus cephalus | |
| скобуст | Chondrostoma nasus | |
| мрена | Barbus barbus | |
| гомнушка | Alburnoides bipunctatus | |
| јагула | Anguilla anguilla |
Галерија
[уреди | уреди извор]- Езерото облеано во сонце
- Поглед на езерото со браната
- Поглед од браната на езерото
- Поглед кон Козјак од врвот Фојник, непосредно над селото Брест
- Поглед на езерото и околните планини
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото и пристапниот пат
- Поглед на езерото
- Поглед од браната на езерото
- Поглед од врвот Фојник
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јане Војчески, „Езеро Козјак“, Економија и бизнис, година 17, бр. 189, март 2014, стр. 90-91.
- ↑ Езера - ЗПР „Јасен“
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Козјак (езеро)“ на Ризницата ? |
- Страница за езерото „Козјак“ Архивирано на 25 март 2016 г. — Општина Македонски Брод
- Николоски, Никола (24 ноември 2017). „Необичната убавина на езерото Козјак“. ИГЕО-ПОРТАЛ.
| Оваа статија за езеро е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||||||

