Ѓеневички Водопади
| Ѓеневички Водопади | |
|---|---|
| Место | Ѓеневица, Општина Маврово и Ростуше |
| Вид | нуркање, пливање, бањање |
| Вкуп. висина | 14 |
| Највисок слап | 14 м (46 ст) |
Ѓеневичките Водопади или Водопадите на Ѓенeвица се живописен предел во Република Македонија, во Општина Маврово и Ростуше.
Природни особини
[уреди | уреди извор]Од извориштето на околу 1400 m надморска височина, до утоката во Радика на околу 650 m надморска височина, реката Ѓеневица тече во должина од 8 км, низ ливади, шума и карпи, правејќи 5 водопади и бројни слапови. Според бројот на водопади и височината овој предел има исклучително значење за националниот парк Маврово, заедно со Длабока Река, Тресонечките Водопади и Дуф.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Водопадите се сместени во Општина Маврово и Ростуше, поточно во долниот дел од кањонот Кокошарник веднаш под Галичник. Кањонот не е целосно достапен, поради непристапниот терен. Единствено преку две кратки уредени патеки што започнуваат од стариот плоштад во Галичник, посетителите можат да се доближат до тунелот на почетокот на кањонот, како и на највисоката точка од каде што се протега прекрасен поглед на долината на Ѓеневица.
Иако долго време не била пропагирана атрактивноста на водопадите, сепак месното население од Галичник и Јанче неретко ги посетувале за време на организираните излети.
За жал, по изградбата на малата хидроцентрала до 2015 година, тие денес се тешко достапни за вљубениците во природата и за туристите, бидејќи старата патека што започнува од Долни Јанечки Ливади, преку старите воденици и нагоре по течението на реката е делумно затрупана од градежните активности, заедно со првите два водопади.

Третиот водопад е лесно достапен бидејќи е во непосредна близина на зафатот од хидроцентралата до каде што може да се пристигне и со теренско возило користејќи го земјениот пат од Јанче во правец на Галичник. До четвртиот и петтиот (воедно и највисок со 14 метри) водопад може да се пристигне со крајна внимателност и соодветна опрема за движење по големи стрмнини.
Поврзано
[уреди | уреди извор]| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |