Гратче (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
вештачко езеро Гратче
вештачко езеро Гратче - Поглед на езерската клисура
Поглед на езерската клисура
Тип вештачко
Главен дотек Мала и Голема Река
Главен истек Кочанска Река
Земји во сливот Македонија
Макс. должина 3,5 км
Макс. ширина 0,2 км
Површина 0,19 км²
Макс. длабочина 29 м
Водна зафатнина 2,4 млн. м3
Надм. височина на површината 467 м


Гратчевештачко езеро сместено во подножјето на Осоговските Планини, оддалечено околу 6 км.[1] на север од Кочани. Изградено е во 1959 година кај некогашното село Долно Гратче. Браната е армирано-бетонска со височина од 46 метри, должина на преградниот ѕид изнесува 150 метри и се наоѓа на надморска височина од 467 метри. Езерото е долго 3,5 км, а широко 0,2 км, со најголема длабочина од 29 метри. Површината на акумулацијата изнесува 0,19 км2, акумулира вода од 2,4 милиони м3 која се користи за индустриски потреби и за наводнување на 576 хектари обработливо земјиште во Кочанско Поле.

Освен стопански, езерото Гратче има и туристичко-рекреативен карактер, а на неговиот брег има два објекта со угостителски карактер и хотел. На северната страна на езерото, на самото влевање на Мала и Голема Река се наоѓа археолошкиот локалитет Долно Градиште.

Езерото Гратче во 1961 год.
Преградниот ѕид на езерото

Наводи[уреди | уреди извор]