Пресека

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пресека
Пресека is located in Македонија
Пресека
Местоположба на Пресека во Македонија
Координати 41°59′03″N 22°31′31″E / 41.98417° N; 22.52528° E / 41.98417; 22.52528Координати: 41°59′03″N 22°31′31″E / 41.98417° N; 22.52528° E / 41.98417; 22.52528
Регион Источен
Општина Кочани
Население 68 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 13033
Надм. вис. 868 м
Пресека на општинската карта
Пресека во Општина Кочани.svg

Атарот на Пресека во рамките на општината


Пресека — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани, сместено на југоисточните падини на Осоговски Планини. До 2004 година, селото било дел од поранешната Општина Оризари, која била споена со Општина Кочани.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа мошне високо на Осоговските Планини, во Источна Македонија, на околу 14 километри од градот Кочани.

Според површината е големо село и се дели на два дела Горна и Долна Пресека, а и во двата дела има голем број на “маала“, тоа се: Клинчарци, Јовевци, Лубеновци, Јуруците, Крлевци, Трговица, Ковачите, Гриовци, Шутевци, Врговци, Анџиовци и многу други. Куќите се расфрлени по ридовите и секој рид има свое име, односно го носат името на семејството кое живее таму.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во селото Пресека живеат 68 жители, сите Македонци.

Родови[уреди | уреди извор]

Пресека е македонско село.

Родови во селото: Шутевци (33 к.), Јовевци (20 к.), Трговци (20 к.), Ковачи (15 к.), Крлевци (12 к.), Соколовци (11 к.), Љубеновци (10 к.), Врговци (9 к.), Гријовци (8 к.), Анџици (5 к.) и Селчани (4 к.) за овие родови не се знае дали се староседелски, или доселеници со непозната старина; Јуруци (8 к.) доселени се од Јуручкиот предел кај Радовиш.[1]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во минатото имало црква, училиште и полициска станица. Денес постои само црквата, училишната зграда сега претставува простории на манастирот.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 902 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[2]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 55 гласачи.[3]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Прослава на Голема Богородица на 28 август во Манастирот Св. Богородица.

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Многу луѓе се иселиле во побогатите села или во градот Кочани поради економски причини.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: МАНУ.
  2. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  3. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]