Виничка Кршла
Виничка Кршла | |
Координати 41°53′53″N 22°33′37″E / 41.89806° N; 22.56028° EКоординати: 41°53′53″N 22°33′37″E / 41.89806° N; 22.56028° E | |
Регион | Источен Регион |
Општина | Виница |
Население | 99 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2310 |
Повик. бр. | +38933 |
Шифра на КО | 05003 |
Надм. вис. | 472 м |
Виничка Кршла — село во Општина Виница, во околината на градот Виница.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Виничка Кршла, се наоѓа на североисточната страна на градот Виница, селото е распрскано на поголема територија над реката Драгобраштица. Од централното градско подрачје е одалечено 5 км. Селото, односно Кршлата, по која го носи името започнува од источниот излез на градот.[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Виничка Кршла живееле 100 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Виничка Кршла имало 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот во 2002 година во селото живеале 99 жители Македонци.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Виничка Кршла е македонско село.
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
- Доселеници: Јуруци (8 к.), Мечкарци (4 к.), Газарци (3 к.) и Ташовци (1 к.) првите три рода се најстари во селото, доселени се однекаде; Газарци (5 к.), Насевци (3 к.) и Анаќијовци (2 к.) доселени се од селото Драгобраште; Божанци (4 к.) доселени се од селото Илиово кај Делчево. Го знаат следното родословие: Блажо (жив на 49 г. во 1959 година) Ефтим-Арсо, кој се доселил во селото; Туријчани (2 к.) доселени се од селото Турија кај Делчево; Трајановци (2 к.) и Чакалци (1 к.) доселени се од селото Грљани; Митрашинци (1 к.) доселени се од селото Митрашинци кај Берово; Катанци (3 к.) доселени се од селото Дулица кај Македонска Каменица.[5]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 314 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 50 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Во селото има повеќе археолошки наоѓалишта од римскиот период који се под надлежност на Виничкиот музеј[8]. Меѓу најзначајните се локлитетите:
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Барбашки Дол — некропола и тумули од железното време.
- Вршник — могила од римското време.
- Градиште I — некропола и тумули од железното време.
- Градиште II — утврдена населба од железното време и доцноантичкото време.
- Ѓафурски Лозја — населба од римското време.
- Кршлански Гумења — некропола од железното време.
- Могила — населба и могила од римското време.
- Русалски Гробишта — некропола од железното време.
- Сушица — населба и некропола од римското време.
- Коколов Рид — населба од раното и доцното бронзено време и железно време;[10]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Во селото постои основно училиште.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Општина Виница
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.132-133.
- ↑ Државен завод за статистика
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Музеј Виница
- ↑ Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.
- ↑ Нови наоди на Коклов рид кај Виница
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|