Прејди на содржината

Македонска Каменица

Координати: 42°01′N 22°35′E / 42.017° СГШ; 22.583° ИГД / 42.017; 22.583
Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонска Каменица
Град
Центарот на Македонска Каменица
Центарот на Македонска Каменица
Знаме на Македонска КаменицаГрб на Македонска Каменица
Македонска Каменица is located in Македонија
Македонска Каменица
Македонска Каменица
Местоположба на Македонска Каменица во Македонија
Координати: 42°01′N 22°35′E / 42.017° СГШ; 22.583° ИГД / 42.017; 22.583
ДржаваРепублика Македонија
РегионИсточен Регион
ОпштинаОпштина Македонска Каменица
Управа
 • ГрадоначалникДимчо Атанасовски (ВМРО-ДПМНЕ)
Надм. вис.&10000000000000540000000540 м
Население (2021)
 • Вкупно4,368
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 033
Рег. таб.MK
Мреж. местоwww.makedonskakamenica.gov.mk

Македонска Каменицаград во источниот дел на Република Македонија. Се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини на нивната јужна падина. Познат е како рударски град. Најпознатиот македонски рудник за олово и цинк Саса е во неговата непосредна близина. Како град е прогласен во 2004 година. Седиште е на истоимената општина, која зафаќа површина од 19.037 ха, има 9 населени места со вкупно 8.110 жители. Според пописот од 2002 година, градот има 3.345 жители.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името Каменица потекнува од име на река, неговото занчење е „вода што тече во каменесто корито“. Во минатото името на селото е документирано во еден запис од 1566 година, како Камена Река,[1] од која потекнува и првиот познат македонски печатар Јаков, кој во 1566 г. печати свои книги во Венеција.

Историја

[уреди | уреди извор]

За првпат Каменица се спомнува во турските записи, како село во 1570-1573. Градот е основан пред 1950 година, којшто во почетокот бил само населба за рударите, кои работеле во рудникот Саса. Во времето кога подрачјето било под српска власт, обновено е рударењето во старите римски рудници. Подрачјето го населиле рударски племиња Саси, кои се доселиле од Унгарија и Германија. Името на рудникот Саса е добиено по нив.

Во XIV век, подрачјето влегува во состав на кнежевството на Константин Дејановиќ, по неговата смрт потпаѓа под турска власт. Во втората половина на XVI век се јавува ајдуштвото како форма на отпор, поради поволниот планински регион. Од подрачјето на Македонска Каменица позната е четата на војводата дедо Иљо Малешевски и Румена Војвода.

Само 5 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]
Кејот на Каменичка Река
Кејот на Каменичка Река

Македонска Каменица се наоѓа во источниот дел на државата, во јужното подножјето на Осоговските планини, во областа Осоговија. Преку градот течат реките Моштица и Косевичка Река, а во близина и реката Брегалница.

Преку градот поминуваат магистралниот пат А3 и регионалниот пат Р1210, кои се врска со останатиот дел на државата и со рудникот Саса. Градот е оддалечен 24 километри западно од Делчево и 29 километри североисточно од Кочани.

Население

[уреди | уреди извор]

Во 1570-1573 година во селото Каменица биле запишани 80 семејства и 59 неженети лица.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Каменица живееле 350 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Каменица имало 320 Македонци, егзархисти.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]

Градот има 2.437 поединечни домаќинства и 2.971 стан.

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 5.147 жители и спаѓал во групата на мали градови.[7] Етнички гледано, населението е составено од:[8]

Етнички групи[8]
Македонци
  
99,01 %
Срби
  
0,39 %
Роми
  
0,27 %
други
  
0,17 %
Бошњаци
  
0,16 %

Според последниот попис на населението во Македонија од 2002 година, градот имал 5.147 жители. Следува табела на националната структура на населението:[9]

Националност Вкупно
Македонци 5.096
Турци 0
Роми 14
Албанци 0
Власи 0
Срби 20
Бошњаци 8
останати 9
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[8]:

Јазици[8]
македонски
  
99,20 %
српски
  
0,45 %
други
  
0,19 %
ромски
  
0,12 %
турски
  
0,02 %
бошњачки
  
0,02 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 5.106 99,20
турски 1 0,02
ромски 6 0,12
српски 23 0,45
бошњачки 1 0,02
други 10 0,19
Вероисповед

Во Македонска Каменица се застапени следните религиски групи[8]:

Религија[8]
Православие
  
91,98 %
други
  
7,56 %
Ислам
  
0,45 %
Католицизам
  
0,02 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
Православни 4.734 91,98
Муслимани 23 0,45
Католици 1 0,02
други 389 7,56

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Македонска Каменица:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948573—    
1953692+20.8%
1961782+13.0%
19712.003+156.1%
19813.382+68.8%
ГодинаНас.±%
19914.778+41.3%
19944.334−9.3%
20025.147+18.8%
20214.368−15.1%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 573
1953 692 0 0 0 0 0 0 692
1961 778 0 0 0 4 782
1971 1.887 1 3 13 63 36 2.003
1981 3.234 2 4 43 0 55 44 3.382
1991 4.649 0 1 47 0 37 44 4.778
1994 4.257 0 6 26 0 30 15 4.334
2002 5.096 0 0 14 0 20 8 9 5.147
2021 4.120 3 2 0 0 9 9 6 219 4.368

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Администрација и политика

[уреди | уреди извор]
Поглед на дел од градот
Поглед на дел од градот

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во градот постојат избирачките места бр. 609, 610, 610/1, 611, 611/1, 612 и 612/1 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 4.272 гласачи.[11]

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица

Климата во подрачјето на Македонска Каменица е умерено континентално-планинска. Врнежите се распоредени нееднакомерно. Градот има природно мешана шума од вид на даб, багрем и бор и квалитетна вода за пиење.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Образование

[уреди | уреди извор]

Во Македонска Каменица има едно основно училиште ОУ "Кирил и Методиј", во чиј дел спаѓаат и подрачните училишта од околината, едно средно училиште СОУ „Миле Јаневски-Џингар“.

Споменик на Вера Јоциќ во Македонска Каменица

Здравство

[уреди | уреди извор]
  • Здравствен дом „Македонска Каменица“

Верски објекти

[уреди | уреди извор]

Градот има кино сала, која служи за сите поголеми културни случувања. Покрај ова, има и библиотека со 6.500 книги, Дом на културата и Центар за културно-уметничка издавачка дејност.

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Од особено значење за градот е настанот „Каменичко културно лето“ кое се одржува секоја година и привлекува разни познати настапувачи.

Медиумски е покриен со една радио станица „Радио Македонска Каменица“ и кабловска телевизија „Кам-Сат“.

Спомен биста на Миле Јаневски - Џингар во неговиот роден град Македонска Каменица.

Во градот настапува ФК Саса, кој сега се натпреварува во втората лига, но во минатото била дел од првата македонска фудбалска лига. Градот има стадион со капацитет за 2.000 гледачи и градски парк.

На 28 август 1984 година, во употреба е пуштен и олимписки пливачки базен, изграден од средствата од самопридонесот, свечено отворен од Ферчо Спасовски, претседател на месната организација на ССРНМ во Македонска Каменица.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Главна стопанска дејност на населението е рударството, покрај рудникот Саса, во градот работат и текстилни погони и цинкара. Од земјоделството застапено е собирањето на различни шумски плодови, габи, сечата на дрва за огрев и мебел, а во градот работат и повеќе продавници. Меѓу поголемите погони во Македонска Каменица се: „МИ-Саса“, „Цинкарна“, „Таматекс“, „Лука“ и „Текстил-М“.

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Историја на Македонска Каменица“. Архивирано од изворникот на 2009-05-02. Посетено на 2009-04-28.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. „Историја на Македонска каменица“. Архивирано од изворникот на 2009-05-02. Посетено на 2009-04-28.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 јули 2016.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]