Автопат А3 (Македонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Државниот пат А3 ги поврзува ГП Делчево (граница со Бугарија) со ГП Меџитлија (граница со Грција, минувајќи преку Кочани, Штип, Велес, Прилеп и Битола, од кај што се раздвојува еден крак и продолжува до Охрид. Заклучно со 2021 година, А3 не е со автопатсно решение, освен делницата од Три Чешми до Кадрифаково која е заедничка со А4. Во тек е проектирање на автопат од Битола до Прилеп, кој се очекува да започне со изградба кон крајот на 2021 или почеток на 2022 г. Се разгледуваат и опции за финансирање на автопатни правци Велес - Прилеп, како и Битола - Меџитлија. Делницата Кочани - Штип е експресен пат кој може да се надогради во иднина.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почетна | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2021-01-27.