Прејди на содржината

Миле Јаневски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Миле Јаневски
24.07.1971 – 28.04.2001 (29 г.)

Миле Јаневски - Џингар при освојувањето на Тетовското Кале, март 2001 година
Прекар:«Џингар»
Роден во:Костин Дол, Македонска Каменица, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Масакр кај Вејце
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Водник
Единици: БСН Волци
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Миле Јаневски (Костин Дол, Македонска Каменица, 24 јули 1971Вејце, Тетовско, 28 април 2001) бил македонски бранител, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Спомен биста на Миле Јаневски - Џингар во неговиот роден град Македонска Каменица.

Живот, војната 2001 и смрт

[уреди | уреди извор]

Никој не знае животот каде ќе го однесе. Рударска Македонска Каменица соочена со сиромаштијата и подолгата економска криза ги принуди синовите на вредните рудари својата егзистенција да ја побараат и надвор од малото гратче и од рударството.

Синот на скромното семејството на Бранко и на Душка, Миле со својата сопруга и неговиот син единец, го привлече униформата на македонската армија. Се стави како водник во БСН Волци во служба на безбедносните сили во одбрана на територијалниот интегритет на земјата. Таму каде што е потребно, во Тетово и на Шар Планина, Миле е заедно на служба со своите колеги бранители. На 28 април 2001 година, Вејце и настанот на најголемиот вандализам на албанските терористи го прекинуваат животот на водникот Јаневски чија семејна лоза ја продолжува синот додека непреболот трае кај најблиските и сите оние што го познаваа.

Во масакрот кај Вејце, на Миле со кундак од пушка му е згмечена, разнесена главата, а низ телото има осум канални повреди предизвикани од огнострелно оружје и вртлежи од „кинески“ нож. Смртта кај Миле настанува насилно со нагмечување на мозокот поради дејство на потврда динамична сила со кундак од пушка во пределот на челната регија. На неговото тело се пронајдени и осум канални повреди, предизвикани од огнострелно оружје и со нож претходно бил онеспособен за полесно да биде масакриран.

Во негова чест, денес средното општинско училиште СОУ „Миле Јаневски - Џингар“ во неговиот роден град Македонска Каменица го носи неговото име. Миле Јаневски - Џингар посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Масакрот кај Вејце“ (PDF). Македонско Сонце. 17 ноември 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-04-08. Посетено на 2015-01-10.
  2. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.