Дарко Велјаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дарко Велјаноски
13.03.1974 – † 08.08.2001 (27 год.)
Дарко Велјаноски.png
Роден во:Ропотово, Прилеп, Македонија Македонија
Починал во:Масакрот кај Карпалак
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Резервист во MacedonianArmyLogo.svg АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја:Медал за храброст


Дарко Велјаноски (Ропотово, Прилеп, 13 март 1974 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Дарко Велјаноски е роден на 13 март 1974 година во прилепското село Ропотово. Дарко работеше во „Македонија - Пат“. Кога се запознале со идната сопруга, Дарко како работник беше во Крушево, а таа била ученичка во трета година во крушевската гимназија. Љубовта била посилна од се - од училиштето, од советите на родителите, од молбите на другарките. Иако се уште немала ни 17 години, таа сепак одлучува да замине со својот Дарко во неговото родно место, во прилепското село Ропотово. Свадба не направиле, но затоа со многу труд и мака изградиле куќа на крајот на селото. Судбината сакала да остане сама во куќата што за довршиле цигла по цигла со платата на Дарко и приходот од тутунот што го работеле сами, без ничија помош. По осум години брак, кога ја довршиле куќата, двајцата се молеле и се надевале дека Господ конечно ќе ги израдува и со пород.

Кога започна војната 2001 година во Македонија, Дарко ја прими поканата, се потпиша, иако знаеше дека многумина ги враќаа поканите. Потоа отиде во касарната во Прилеп и седум дена бепе таму, но секоја вечер се враќаше дома. Потоа седум дена го пуштија дома, па повторно се врати во касарната. На осми август 2001 година заминаа од Прилеп за Тетово. Во масакрот што го направија терористите кај месноста Карпалак, влизу Групчин, беа прекинати сите планови на Дарко и неговата сопруга. Заедно со 27 годишниот Дарко Велјаноски во заседата загинаа уште девет војници од Прилеп и Прилепско. Неколкумина од нив живи изгореа, а неколкумина се обидоа да скокнат од возилата и да се обидат да се одбранат.

Според очевидци, кои успеале да се спасат од масакрот, Дарко успеал да истрела и неколку рафали кон терористите кои биле вкопани по бреговите крај автопатот. Притоа е погоден два пати во главата и седум пати во пределот на градите. Бил пронајден на околу седум метри од камионот што бил погоден со зољи и минофрлачи. Албанските ѕверови непрекинато пукале, дури и врз мртвите тела на македонските бранители, недозволувајќи да им се пружи помош на оние што биле ранети.[2] Дарко Велјаноски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[3] Велјаноски беше женет, но без деца.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]