Прејди на содржината

Миле Гиноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Миле Гиноски
05.03.1958 – 23.07.2001

Прекар:«Гина»
Роден во:Пополжани, СР Македонија, СФРЈ
Починал во:Караула кај Рибница, Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Резервист во АРМ
Единици: АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Миле Гиноски (Пополжани, 5 март 1958 Рибница, 23 јули 2001 ) ― македонски бранител, резервист во АРМ, учесник во Воениот судир во Македонија во 2001 година. Загинал на 23 јули 2001 година, во заседа од единица водена од поранешниот заменик министер за одбрана и дезертер од АРМ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 година и смрт

[уреди | уреди извор]

Миле Гиноски, меѓу пријателите познат по прекарот Гина, е роден на 5 март 1958 година во селото Пополжани, Кичевско. Загинал на 23 јули 2001 година, во заседа од единица водена од поранешниот заменик министер за одбрана и дезертер од АРМ, Талат Џафери.

На 23 јули 2013, на денот од годишнината од смртта, бил откриен спомен-обележје во негова чест во близина на родното село Пополжани.[2] Миле Гиноски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

  1. „Откриено Спомен обележје на бранителот Миле Гиноски“. Нова Македонија. 1 август 2013. Посетено на 2015-04-10.[мртва врска]
  2. „Бранителот од Кичево Миле Гиноски доби спомен обележје“. kicevo.mk. 1 август 2013. Посетено на 2015-04-10.
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.