Блашко Толев
Блашко Толев | |
---|---|
30.03.1981 – † 01.07.2001 (20 г.) | |
![]() | |
Роден во: | Кавадарци, СР Македонија, СФРЈ |
Починал во: | Тетовско Кале, Тетово, Македонија |
Служба во: | ![]() |
Период на служба: | 2000 г. — 2001 г. |
Чин: | Војник во ![]() |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | ![]() |
Блашко Толев (Кавадарци, 30 март 1981 – Тетовско кале, Тетово, 1 јули 2001) ― македонски бранител, војник во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 1 јули 2001 година на тетовското кале од минофрлачка граната, испукана од страна на терористите на [ОНА]].[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Живот и војната 2001 година
[уреди | уреди извор]
Блашко Толев е роден на 30 март 1981 година во Кавадарци, но тој израснал во Марена од каде било и неговото семејство. Блашко бил израснат како селско дете. Требаше да ја продолжи вековната семејна традиција - сточарството. Завршил само осмо одделение. Во последните две години од неговиот живот, тој работел во Битола. Во шумското работел со коњи. Од Пелистер, влечел дрва. Во октомври 2000 година, тој заминал од Тиквешијата да го изврши долгот и го одслужи воениот рок во АРМ прво во Битола, а потоа во Штип. Кога започнал воениот конфликт 2001 година, тој активно зел учество во борбите во Тетовско и Кумановско. Откако заминал како војник, само еднаш дошол на два дена, за Велигден. Не користел редовно отсуство, очекувајќи порано да го пуштат. Во петокот, на 29 јуни 2001 година, бил кај командантите и побарал да го пуштат, бидејќи рокот си го ослужил. Му кажале дека треба да остане до вторникот, додека да дојде смената од нови војници. Блашко не го дочекал вторникот и загинал на 1 јули 2001 година на Тетовското Кале во минофрлачки напад.[2]
Блашко Толев бил прва жртва од овој крај во конфликтот од 2001 година. Толев, како припадник на редовниот состав на Армијата на Република Македонија, на само 20 години го жртвувал својот живот за одбраната на Македонија. Вечен останува споменот како и паметникот над неговиот гроб во кавадаречкото село Марена.
За загинатиот Блашко Толев постои и споменик во селото Долна Бошава.
Во 2012 година, Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Илија Тренчев, посочил дека наскоро на седница на Совет на општина Кавадарци ќе биде донесена одлука за преименување на улица во Кавадарци со името на Блашко Толев.[3] Блашко Толев посмртно бил одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Терористите се притаија“. Вест. 3 јули 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-04-10.
- ↑ „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 161 – 162
- ↑ „11 години од смртта на Блашко Толев“. Kavadar4e.com. 2 јули 2012. Посетено на 2015-04-10.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-30.