Фикри Елмази

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фикри Елмази
1969 – † 12.09.2002 (34 г.)
Роден во:Теново, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Боговиње
Служба во:Македонија Македонија
Чин: Полициски резервист
Единици:СВР Тетово
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1 и МХ-2
Одличја: Медал за храброст


Фикри Елмази (албански: Fikri Elmazi; Теново, Тетовско 1969Боговиње, 12 септември 2002) бил македонски бранител од албанска националност, полициски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Убиен е на 12 септември 2002 при вооружен напад на десет члена терористичка група на полициската станица во населеното место Боговиње.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 година и смрт[уреди | уреди извор]

Фикри Елмази е роден во 1969 година во Теново, Тетовско. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил полициски резервист. Фикри Елмази е внук на поранешниот заменик министер за внатрешни работи Рефет Елмази кој исто така е родум од Теново. На 12 септември 2002 година, во околу 06:04 часот наутро, од две возила во движење во кои се наоѓале десетина терористи била нападната полициската станица во селото Боговиње, Тетовско. Бандитите веднаш пукале кон објектот во кој се наоѓале неколкумина постојани полицајци и неколкумина припадници на резервниот полициски состав. На самото место бил убиен Фикри Елмази од селото Теново, Тетовско, припадник на редовниот полициски состав. Тој бил задолжен за надворешно обезбедување на објектот. Терористичката банда по нападот се упатила по локалниот пат Тетово - Гостивар, покрај Шар Планина кон селата Пирок и Градец во правец на Гостивар. Тие побегнале со две патнички возила „алфа ромео“ сина боја и „опел вектра“ сива боја. И двете без регистарски таблички.[2]

МВР претпоставува дека терористите што ја нападнале станицата во Боговиње се дел од вооружената група, која пред извесно време ги киднапира осумте Македонци на автопатот Тетово - Гостивар, кај селото Жеровјане. Безбедносните служби нападот на полицијата во Боговиње го поврзуваат со неодамнешното соопштение на т.н. АНА по убиството на двајцата полицајци во Гостивар, во кое Албанците во Македонија беа предупредени да ја соблечат униформата на славомакедонската полиција за да не гинат залудно. Во полициската станица во Боговиње во моментот на нападот имало пет полицајци - Албанци.

Погребан е на гробиштата во родното Теново. Фикри Елмази посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
  2. „Убиен полицаецот Фикри Елмази“. Утрински весник. 13 септември 2002.[мртва врска]
  3. „Посмртно, со медал за храброст, одликувани 32 загинати припадници на МВР“. webohrid.com. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 2017-06-27.