Томе Бадаревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Томе Бадаревски
13.05.1968 – 10.08.2001 (33 год.)
Томе Бадаревски.png
Роден во:Љубанци, Скопско, СР Македонија
Починал во:Љуботенски Бачила, Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:MacedonianArmyLogo.svg Војник од резервен состав
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја:Medal za hrabrost mk.png Медал за храброст


Томе Бадаревски (Љубанци, Општина Бутел, 13 мај 1968Љуботенски Бачила, Љуботен (Скопско), 10 август 2001) бил македонски бранител, војник од резервен состав на АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 10 август 2001 заедно со седуммина соборци, откако камион на АРМ полн со муниција налетува на две нагазни мини поставени на шумскиот пат на правецот Љубанци - Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора, на околу 5 км од селото.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Томе Бадаревски е роден на 13 мај 1968 година во селото Љубанци на Скопска Црна Гора. Томе живееше скромно и домаќински негувајќи ја традиционалната лојалност и приврзаност кон својата земја. Живописноста на скопското село Љубанци ја чувствуваше и се одушевуваше на себесвојствен начин. Свесен за суровоста на воената криза, решително се стави самиот на бранителската задача.

На неговиот патриотизам и храбрсот, терористите ја спротивставија својата злоба, подлост и кукавичлук прекинувајќи ги животот на Томе и семејните очекувања на потомството кое остана без татковата грижа. Бадаревски имал многу пријатели меѓу Албанците во Љуботен. Често контактирал и се дружел со нив. Со неколкумина од нив бил другар од детството. Кога требаше да се врати дома, на 10 август 2001, кај Љуботенските Бачила, од подметната мина и друг експлозивен материјал настрада Гоце заедно со братучед му Томе Бадаревски и други шест војници. Гоце Чанкуловски и Томе Бадаревски биле први братучеди од две сестри, блиски како браќа. И во смртта останале заедно. Се качиле последни во камионот што требало да се спушти кон Љубанци. Всушност, трчале за да го стигнат и да се качат и тие, иако дотогаш постојано си доаѓале пеш дома.[2]

Томе зад себе остави сопруга и две деца. Бадаревски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]