Прејди на содржината

Дејан Денковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дејан Денковски
1976 – 23.04.2001 (25 г.)

Роден во:Куманово, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Алашевце
Служба во:Македонија Македонија
Чин: Армиски резервист
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст


Дејан Денковски (Куманово, 1976Алашевце, Кумановско, 23 април 2001) бил македонски бранител, армиски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 23 април 2001 година кај кумановското село Алашевце во несреќен случај.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 година и смрт

[уреди | уреди извор]

Дејан Денковски е роден во 1976 година во Куманово. Израснува во кумановската населба Карпош. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил армиски резервист.

На секој војнички позив Дејан и неговите родители се гордееја. Беше примерен војник за време на отслужувањето на редовниот кадровски рок. Посакуваше да се активира. Ја сакаше униформата и на тој начин гледаше и шанса да си ја обезбеди егзистенцијата во времето кога кризата притискаше. Својата младост ги минува во армиската униформа која му прилегаше и го правеше среќен. Загинува на 23 април 2001 година кај кумановското село Алашевце во несреќен случај, во одбрана на Македонија.

Погребан е на гробиштата во Куманово. Дејан Денковски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2] Денковски во жалост го остави своето семејство. Беше неженет.

  1. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
  2. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2017-06-29.