Исак Руфати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Исак Руфати
31.01.1959 - 05.06.2001 (42 год.)
Исак Руфати.png
Роден во:Одри, Тетовско, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Шипковица
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Постар водник во Logo of the Army of the Republic of Macedonia.svg АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Заседа „Гајре - Шипковица“
Одличја:Medal za hrabrost mk.png Медал за храброст


Исак Руфати (албански: Isak Rufati; Одри, Тетовско, 31 јануари 1959Шипковица, Тетовско, 5 јуни 2001) бил македонски бранител од албанска националност, постар водник во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 5 јуни 2001 во заседа на патот Гајре - Шипковица.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Голема беше желбата на Исак и на неговата сопруга да обезбедат сигурност и иднина на своите деца. Изборот падна Исак кој ја сакаше униформата и во спомен ги носеше деновите од војничкиот живот, повторно да стапи во редовите на АРМ, како постар водник прва класа. Успешно ги извршуваше доверените задачи.

Беше на служба во добро познатиот тетовски крај. Токму таму, во реонот на селото Шипковица на 5 јуни 2001 година загина на 42 годишна возраст. Синовите останаа сираци, фамилијата е во тага и надеж дека Исак и неговата добрина ќе остават во спомените завек, бидејќи тоа го заслужи. Исак Руфати постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[3]

Заседа на патот Гајре - Шипковица[уреди | уреди извор]

На 5 јуни 2001 кај патот Шипковица - Гајре, во заседа слична на Вејце загинуваат 5 припадници на АРМ, меѓу нив и Руфати. Сите петмина загинале за само 15 минути, прво Руфати и младиот Китанов, а потоа без никаква придружба, по претходна наредба да пружат помош на повредени војници во армиско-полицискиот пункт во Шипковичка кривина, во истата заседа паднале Матичевски, Силјанов и Миленковски.

На свиокот на патот што води кон овој пункт, терористите со рачен фрлач го погодиле возилото "пик-ап 101", кое носело храна за пунктот кај Шипковица. На самото место загинале Руфати и Китанов, кои биле во возилото. По само пет минути, на истото место е нападнат џип "ланд ровер", кое се упатило да им помогне на ранетите во Шипковица. Од четворица луѓе внатре, тројца загинаа на местото.

Според увидот, на возилата било пукано од две групи по 5-6 напаѓачи, од 8-10 метарска оддалеченост. На местото биле најдени 60 празни чаури, рачни бомби, неексплодирани гранати. По џипот се движело санитетско возило, кое за влакно успеало да сврти и лекарите да се спасат од заседата.

На 5 јуни 2010 година, во чест на петтемина загинати војници е поставен спомен плоча на местото каде загинаа.[4][5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Убиени уште петмина војници на АРМ“. Вест. 6 јуни 2001. конс. 2015-02-20. 
  2. „Потсетник за загинатите бранители кај Гајре“. Алфа ТВ. 5 јуни 2013. конс. 2015-02-20. 
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. 
  4. „Поставена плоча за петтемина загинати бранители кај Гајре“. Дневник. 6 јуни 2010. конс. 2015-02-20. 
  5. „Чествување за војниците убиени во заседа кај Селце“. Дневник. 18 март 2010. конс. 2015-02-20. 
  6. „Почит за хероите кои загинаа кај Гајре“. Нова Македонија. 4 јуни 2013. конс. 2015-02-20.