Одри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одри
Одри is located in Македонија
Одри
Местоположба на Одри во Македонија
Координати 42°07′31″N 21°05′19″E / 42.12528° СГШ; 21.08861° ИГД / 42.12528; 21.08861Координати: 42°07′31″N 21°05′19″E / 42.12528° СГШ; 21.08861° ИГД / 42.12528; 21.08861
Општина Општина Теарце
Население 1739 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 612 м
Одри на општинската карта
Одри во Општина Теарце.svg

Атарот на Одри во рамките на општината
Commons-logo.svg Одри на Ризницата


Одри е село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во североисточните падини на Шар Планина. Оддалечено е 18 километри северно од градот Тетово.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото прв пат се споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година, каде е забележано како село со 70 домаќинства.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Одри живееле 320 жители, од кои 210 Македонци и 110 Албанци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Одри имало 360 Македонци, патријаршисти.[3]

Според пописот од 2002 година Одри има 1.739 жители. Следува етничката структура на населението: [4]

Националност Вкупно
Македонци 139
Албанци 1 598
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 0
други 0

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.246
1953 532 778 28 1.338
1961 518 842 3 1.363
1971 549 1.154 9 4 1.716
1981 572 1.460 1 1 6 2.040
1994 168 1.436 4 1.608
2002 139 1.698 2 1.739

Родови[уреди | уреди извор]

Одри е македонско-албанско село.

Родови во селото се:

  • Македонски родови:
  • Кузмановци (2 к.), староседелци. Имаат неколку изумрени семејства.
  • Мечкаровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Беловиште, Требош и Вратница.
  • Стамен (7 к.), староседелци. Имаат иселеници во Прељубиште.
  • Басарковци (5 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (две семејства).
  • Китановци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), иселени преку Тетово.
  • Илини (5 к.), староседелци. Имаат иселеници во Америка (едно семејство).
  • Колепкаровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (две семејства).
  • Трпчевци (4 к.), староседелци.
  • Чанчула (2 к.), староседелци.
  • Милановци (6 к.), староседелци. Имаат иселеници во Требош и во Скопје (едно семејство).
  • Тодоровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Требош.
  • Стееќевци (28 к.) доселени се од соседното сега албанско село Првце, овде се населиле на почетокот од 19ти век. Ја знаат следната генеологија Стојан (жив на 48 год. во 1940тите) Трпе-Лубе-Симун-Паун, еден од нивните први доселеници, од Паун постои гранка Пауновци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Требош и во Гостивар (едно семејство).
  • Огњановци (3 к.) се викаат и Поповци, доселени се од Селце, сега раселено село над Одри.
  • Илијевци (1 к.) доселени се од битолско. Имаат иселеници во Требош и Фалише.
  • Шегуловци (5 к.) доселени се од некое село во гостиварско.
  • Албански родови:
  • Колесњан (33 к.) први муслимански доселеници, доселени се пред околу 230 години од областа Љума во Албанија. Ја знаат следната генеологија Бељул (жив на 48 год. во 1940тите) Јусуф-Ислам-Раман-Рамадан-Зенел, еден од нивните први доселеници.
  • Кикировци (33 к.) по потекло се од фисот Бериш во северна Албанија. Потекнуваат од тројца браќа, ја знаат следната генеологија Рамадан (жив на 73 год. во 1940тите) Кадри-Фариз-Кадри, еден од браќата кој се доселил. Еден предок од овој род се оженил со некоја Ромка, која ја викале Кикировка. Имаат иселеници во Прељубиште.
  • Љума (27 к.) името го добиле по областа во северна Албанија од каде се доселиле. Ја знаат следната генеологија Исни (жив на 42 год. во 1940тите) Беџет-Зилбеар-Садик, еден од нивните први доселеници.
  • Ромски род: Осман (1 к.) рано доселени од Гнилане, дома зборуваат на албански.[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.211.
  3. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
  4. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. 
  7. „Наставен кадар » Доценти » Доц. д-р Лулзим Муртезани“ (македонски). Педагошки факултет - Скопје. конс. 2010-01-12. 
  8. „Во Детроит промоција на „Монографијата Стамевски““ (македонски). IDIVIDI.com. 26 септември. конс. 2010-01-12. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]