Петре Кадровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петре Кадровски
1975 – 07.04.2002 (27 г.)

Роден во:Скопје, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Топанско Поле
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Полициски резервист
Единици: СВР Скопје
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1 и МХ-2
Одличја: Медал за храброст


Петре Кадровски (Скопје, 1975Топанско Поле, 7 април 2002) бил македонски бранител, полициски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Им подлегнува на раните на 7 април 2002 година, здобиени од нападот врз него на 20 март 2002 година. Зад убиството стоеаа албански одмаздички банди, припадници на ОНА и АНА.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 година и смрт[уреди | уреди извор]

Петре Кадровски е роден во 1975 година во Скопје. Израснува и живее до неговата смрт во населбата Топанско Поле во скопската општина Чаир. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил активен полицаец. Тој беше резервист во полициската станица Мирковци. На 20 април 2002 година 19:50 часот, бил ранет со три истрели од пиштол завчеравечер на улицата Втора македонска бригада, наспроти трговскиот центар "Треска" во населбата Топанско Поле. Според полициски извори, напаѓачот му пришол на Кадриевски и пукал во него од непосредна близина. Полицаецот добил прострелни рани во пределот на вратот, градниот кош и стомакот. Тој бил веднаш пренесен во Градската болница, каде што врз него била извршена операција. Полицаецот во моментот на нападот бил во униформа и се враќал од работа кон својот дом во населбата Топанско Поле. Непознатиот по стрелањето избегал во една од тесните улички. Извршителот на убиството до ден денес не е откриен.[2]

Погребан е на гробиштата во родното Топанско Поле. Петре Кадровски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[3]

Жртва на албански одмаздички банди[уреди | уреди извор]

Кадровски е жртва од серија на одмаздачки убиства од терористи на ОНА и АНА по завршувањето на воениот конфликт во 2001 година. Неколку дена по неговото убиство, На 14 април вооружени цивили - Албанци од Шемшево го киднапирале полицискиот резервист Душко Симоски додека минувал низ тетовското село Шемшево. Тие два дена го тепале и го малтретирале резервистот на МВР. Екипа на ОБСЕ по дводневното мачење успеала да го ослободи резервистот Симоски. Киднаперите, кои биле вооружени со „калашникови“, му ставиле лисици и превез преку очите на Симоски и го одвеле во некоја штала во Шемшево. Таму го тепале два дена и барале да признае кој го испратил и кого сакал да убие во Шемшево. МВР има поднесено кривични пријави против двајца блиски роднини на Изаир Сами и против уште едно лице од Шемшево. Ѕверски беше убиен и таксистот Александар Васев година по воениот конфликт 2001 во скопската населба Ченто. Васев, кој за време на воената криза исто така бил резервист на МВР, пред да биде убиен бил измачуван и претепан. Полицијата има сознанија дека убиството го извршиле Албанци од скопската околија, членови на ОНА.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
  2. „Почина застреланиот резервистот Петре Кадровски“. Вест. 9 април 2002.[мртва врска]
  3. „Посмртно, со медал за храброст, одликувани 32 загинати припадници на МВР“. webohrid.com. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 2017-06-28.
  4. „Полициските резервисти на нишан на амнестираните терористи“. Дневник. 25 април 2002.[мртва врска]