Србољуб Спасовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Србољуб Спасовски
1977 – † 11.10.2001 (24 год.)
Србољуб Спасовски.PNG
Прекар:«Србо»
Роден во:Горно Коњаре, Македонија Македонија
Починал во:Маврово
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Macedonian Police insignia.png Полициски резервист
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1 и МХ-2
Одличја:Медал за храброст


Србољуб Спасовски (Горно Коњаре, Кумановско, 1977Маврово, 11 октомври 2001) бил македонски бранител, полициски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Спасовски бил исто така репрезентативец на македонската карате репрезентација. Загинува на 11 октомври 2001 година во Маврово во несреќен случај.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 година и смрт[уреди | уреди извор]

Србољуб Спасовски е роден во 1977 година во Горно Коњаре, Кумановско и бил каратист, репрезентативец на Македонија. Србољуб од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил полициски резервист. Во октовмри 2001 година бил во Маврово на обука каде што требал да полага приемни тестови за да добие вработување во МВР. Спасовски загинува во својата хотелска соба додека неговиот колега го чистел службениот пиштол. Неговиот другар при чистењето на пиштолот не го извадил шаржерот и несакајќи испукал еден куршум. Куршумот смртно го погодил Спасовски во градите. Првичните информации на МВР беа дека станува збор за несреќен случај. Според непотврдени информации, дошло до пресметка меѓу самите припадници на интервентните полициски сили.[2] Загинува на 24 годишна возраст. Неофицијално, неговите родители и роднини се убедени дека не се работи за несреќен случај, туку дека Спасовски бил убиен. МВР ја демантираше оваа информација.[3] Погребан е на гробиштата во родното Горно Коњаре.

Србољуб Спасовски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]