Дејан Јакимовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дејан Јакимовски
20.08.1975 – † 04.03.2001 (25 год.)
Дејан Јакимовски.png
Роден во:Куманово, Македонија Македонија
Починал во:Танушевци
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Водник во MacedonianArmyLogo.svg АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1 и МХ-2
  • † Битка за Танушевци
Одличја:Медал за храброст


Дејан Јакимовски (Куманово, 20 август 1975Танушевци, Скопска Црна Гора, 4 март 2001) бил македонски бранител, водник во АРМ, учесник во Воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 4 март 2001 заедно со Кирчо Димитриов во Танушевци при експлозија на нагазна мина, поставена од терористите на ОНА.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот и војната 2001 година[уреди | уреди извор]

Дејан Јакимовски е роден на 20 август 1975 година во Куманово. Пред да почне војната 2001 година во Македонија, тој две ипол години беше вработен како возач во војното. Беше во „шкорпионите“. Во деновите за Прочка користел одмор. Итно бил повикан да се јави на работа утрото на 25 февруари, недела. Претходните денови ги искористил да си го дотера катот во семејната куќа. Имал и молери. Во саботата, во Куманово, си купил нова спална, платил 3.200 марки. Луѓето сакале веднаш да му ја однесат дома и да ја монтираат. Ги замолил да причекаат до понеделникот, додека одајата да се исуши од боите. Во неделата рано наутро заминал во гарнизонот. Според најавата, требало да се врати седум дена подоцна, на 4 март. Во понеделникот дошле монтерите со спалната и му ја монтирале.

До 3 март постојано бил на терен и не се јавувал дома. Се јавил дури вечерта на 3 март. По вообичаениот разговор за децата и за родителите, на сопругата и рекол дека ќе добие чин водник и дека ќе го активираат. Навестил дека наредната вечер ќе се врати дома и подетално ќе разговараат за се. Утредента, меѓу 10 и 11 часот, домашните трипати телефонирале во касарната, и секогаш добивале одговор дека Дејан е на терен и дека ќе се јави веднаш кога ќе се врати.

Тој ден, во два одделни инцидента, кај Танушевци загинаа капетанот Кирчо Димитриов од Виница, Дејан Јакимовски и Теодор Стојановски од Драчево. Заедно со Момир Стојановски кој загина во полициската станица во Теарце 40 дена порано, тоа беа првите жртви за Македонија.

Дејан зад себе ги остави своите две деца и сопругата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]