Медал за храброст (Македонија)
Медал за храброст | |
---|---|
Вид | воено одличие |
Доделена за | Покажана лична храброст и самопрегор во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија |
Држава | Македонија |
Доделува | Претседател на Македонија |
Статус | се доделува |
Прво доделување | 21 декември 2011[1] |
Статистика | |
Посмртни одликувања | 97 |
Вкупно добитници | 104 |
Медалот за храброст — воено одличие на Република Македонија кое се доделува за искажана храброст во воено-безбедносни операции или ситуации.
Особености
[уреди | уреди извор]Има основна четворокрака ѕвездеста форма во димензии од 55мм. Медалот е стилизирана четворокрака ѕвезда под која се вкрстени два меча. Во полето на ѕвездата има осум златни краци кои се спојуваат во централната точка на средишниот круг во кој е напишано мотото - „за храброст“.
Медалот е изработен од сребро, позлата, тониран топол емајл. Има соодветна лента и минијатурна лента. Редниот број на орденот, соодветен жиг за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.
Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.
Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.
Критериуми
[уреди | уреди извор]Медалот за храброст се доделува на:
- припадници на вооружените сили на Армијата на Република Македонија, на вработените од Министерството за внатрешни работи и на други личности за покажана лична храброст и самопрегор во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, или во заштитата на човечки животи или материјални добра во опасни ситуации и
- припадници на Министерството за внатрешни работи за посебни заслуги и долгогодишно ангажирање при вршење на работите и задачите; посебно ангажирање во спасување или заштита на животот, имотот и здравјето на граѓаните, посебно ангажирање во спречувањето на нарушувањето на јавниот ред и мир во поголем обем или заради особени заслуги и придонес во меѓународната афирмација на Министерството.
Добитници
[уреди | уреди извор]- потполковник Орце Јордев
- мајор Драганчо Војнески
- мајор Димче Велков
- постар водник Стојче Стоилов
- постар водник Зоран Ристов
- водник Зоран Трајков
- Сами Нуредин
- 46 загинати припадници на АРМ од 2001 г., посмртно
- 11 припадници на мисијата АЛТЕА, посмртно
- 32 загинати припадници на МВР од 2001 г., посмртно
- 8 загинати припадници на МВР од Вооружената престрелка во Куманово (2015), посмртно.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Иванов врачи седум медали за храброст“. Вечер. Скопје. 21 декември 2011. Посетено на 27 декември 2017.[мртва врска]
- ↑ http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/3810-dodeluvanjeordenzavoenizaslugimedalzahrabrost.html[мртва врска]